Праиндоевропскиот јазик (ПИЕ) е реконструиран јазик и заеднички предок на сите индоевропски јазици. Не постои директен запис за праиндоевропскиот јазик; неговите предложени карактеристики се изведени со лингвистичка реконструкција од документираните индоевропски јазици.
Историска и географска поставеност Научниците предложиле повеќе хипотези за тоа кога, каде, и од кого бил зборуван PIE. Курганската хипотеза, за прв пат предложена во 1956 од Марија Гимбутас, станала најпопуларна. Според неа првичните говорници на PIE потекнувале од Јамната култура, која е поврзана со погребување на мртвите во кургани (погребни могили) во Понтско-касписката Степа северно од Црното Море. Според оваа теорија, овие луѓе биле номади-сточари кои го припитомиле коњот, што им овозможило да се движат низ Европа и Азија со коли и кочии. До почетокот на третиот милениум п.н.е., тие се прошириле низ Понтско-касписката Степа и во источна Европа.
Наследници на праиндоевропскиот јазик ФамилијаПрајазикОписИзумрени јазициСовремени наследнициАнадолскипраанадолскиДенес се сите изумрени, а најдобро документиран е хетитскиот јазик.хетитски, лувиски, палајски, ликиски, лидиски, кариски, писидиски, сидетскиНе постојат живи наследници на праанадолскиот јазик.ТохарскипратохарскиГранка на изумрени јазици познати од ракописи кои датираат од 6ти до 8ми век од нашата ера пронајдени во северозападна Кина.тохарски A, тохарски BНе постојат живи наследници на пратохарскиот јазик.ИталскипраиталскиВо оваа група спаѓале повеќе јазици, меѓутоа сите денешни преживеани јазици се потомци на латинскиот.латински, фалиски, умбриски, оскански, афроромански, далматинскипортугалски, галисиски, шпански, ладино, каталонски, окситански, француски, италијански, реторомански, романски, влашки, сардински, корзикански, венецијански, латински (како литургиски јазик на католичката црква и официјален јазик на Ватикан), пикардски, мирандски, арагонски, валонски, пиемонтски, ломбардски, наполитански, сицилиски, емилијаноромањолски, лигурскиКелтскипракелтскиНекогаш зборувани низ цела Европа, а денес главно се ограничени на нејзиниот северозападен дел.галски, келтиберски, пиктски, кумбриски, староирски, средновелшкиирски, шкотски, велшки, бретонски, корнски, манскиГерманскипрагерманскиСе разграниле на: западногермански, источногермански (денес изумрени) и северногермански јазици.староанглиски, старонордиски, готски, старогорногермански, старосаксонски, вандалски, бургундски, кримскоготски, норнанглиски, германски, африканс, холандски, јидиш, норвешки, дански, шведски, фризиски, исландски, фарски, луксембуршки, шкотски, лимбуршки.Балто-словенскипрабалтословенскиСе разграниле на балтички и словенски јазици.пруски, старословенски, јатвиншки, селонски, полапски, кнаанскиБалтички: латвиски и литвански Словенски: руски, украински, белоруски, полски, чешки, словачки, лужички, српскохрватски, бугарски, словенечки, македонскиИндоиранскипраиндоиранскиСе разграниле на индоариски, ирански и нуристански јазици.ведски санскрит, пали, пракритски јазици; староперсиски, партски, азарски, мидиски, елу, согдиански, сака, авестиски, бактрискиИндоариски: хиндустански (хинди и урду), маратски, силетски, бенгалски, асамски, одија, конкани, гуџаратски јазик, непалски, догри, ромски, синдски, маитхили, синхалски, малдивски, пенџапски, кашмирски, санскрит (оживеан); Ирански: персиски, паштунски, белучки, курдски, зазански, осетски, лурски, талишки, татиски, гилански, мазендерански, семнански, јагнобски; нуристанскиЕрменскипраерменскиСе разгранил на источноерменски и западноерменски.класичен ерменскиерменскиХеленскипрагрчкиантички грчки, антички македонскигрчки, цаконскиАлбанскипраалбанскиАлбанскиот е единствениот современ јазик кој припаѓа на засебна гранка на индоевропската јазична фамилија.илирски (спорно) дако-тракиски (спорно)албански
Наводи
Категорија:Бронзено време