Мастиково дрво или мастика () е дводомна зимзелена грмушка или мало дрво од родот ф’стак (Pistacia) што вирее во медитеранскиот басен. Расте до 4 метри во висина и се одгледува поради неговата ароматична смола, главно на грчкиот остров Хиос и околу турскиот град Чешме.
Опис мини|Листови од мастика Растението е зимзелено, од 1 до 5 метри високо, со силен мирис на смола, расте во суви и карпести области во Северна Африка и Медитеранска Европа. Отпорно е на благи до тешки мразови, но претпочита поблаги зими и расте на сите видови почви, а може добро да расте во варовнички области, па дури и во солени средини, што го прави позастапено во близина на морето. Го има и во шумите, на речиси обезшумените пасишта, во дабовите шуми од видот прнар, пошумените области во кои доминираат други дабови, во клисури, кањони и карпести ридови на целото медитеранско подрачје. Во соодветни области, кога е дозволено да расте слободно и да старее, често станува дрво до 7 метри. Сепак, сечата, пасењето и пожарите често го спречуваат ваквиот раст.
Мастиковото дрво е сродно на смрдликата (Pistacia terebinthus), со која често живее во заедница во контактните зони. На западниот брег на Средоземјето, Канарските Острови и Блискиот Исток, може да се помешаат со Pistacia atlantica. лево|мини|Смола
Употреба како лек Луѓето во средоземниот регион користат мастика како лек за гастроинтестинални заболувања веќе неколку илјади години. Грчкиот лекар и ботаничар од првиот век Диоскорид напишал за лековитите својства на мастиката во неговата класична расправа За медицинските супстанции. Неколку векови подоцна, Маркелос Емпеирикос и Павлос ЕгинитисMastic at e-xios.gr Chios Portal исто така го забележале ефектот на мастиката врз дигестивниот систем.
Маслото од мастика има антибактериски и противгабични својства, и како такво е широко користено во подготовката на масти за кожни заболувања.
Наводи
Литература
Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Украсни дрва Категорија:Хиос Категорија:Зачини Категорија:Смоли Категорија:Грчка кујна Категорија:Ф’стак (род) Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј