Јамната култура, исто така позната како култура на окерниот гроб, е археолошка култура од доцниот енеолит до раната бронзена доба во регионот помеѓу реките Јужен Буг, Дњестар, и Урал (Понтско-касписката Степа), во периодот од 3300–2600 п.н.е. Била откриена од Василиј Городцов по извршените ископувања близу реката Доњец во 1901–1903. Името на оваа култура доаѓа од карактеристичната погребна традиција: јамна () се однесува на јамите кои овие луѓе ги копале во тумули (кургани) и во кои ги погребувале мртвите, во карактеристична положба на грб со свиткани колена. Телата биле покривани со окер. Во нивните гробници се пронајдени и остатоци од крави, коњи и свињи, како и делови од стари запреги.

мини|лево|Карактеристочно погребување за Јамната култура Економијата на Јамната култура се засновала на сточарство, риболов, и потрага по храна, како и производство на керамика, алатки и оружје. Луѓето од културата Јамна живееле примарно како номади, со систем на поглаварство и користеле коли и запреги што им овозможило да одгледуваат големи стада.

Јазик Денес скоро постои консензус дека заедничкиот предок на сите индоевропски јазици, со можен исклучок на анадолските јазици, потекнуваат од Понтско-касписката степа, и овој јазик се поврзува со луѓето од јамната култура. Дополнително, Понтско-касписката степа во моментов се смета за најверојатен кандидат за правобитната татковина (германски, Urheimat) на праиндоевропскиот јазик, вклучувајќи ја и анадолската гранка на јазици.

Наводи

Категорија:4 милениум п.н.е.