Боге Ефремов Кузмановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од селско печалбарско семејство. Во потрага за работа, тој се доселил во Скопје. Непосредно по окупацијата се вклучил во народно-ослободителното движење. На 5 септември 1944 година стапил во Четвртиот скопски партизански одред. Подоцна станал борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада, во четвртиот баталјон. Во составот на бригадата учествувал во сите нејзини борби против балистите кај селата: Добри Дол, Говрлево, Света Петка, Грчец, Крушопек и други места. По силниот продор што го извршиле Третата и Дванаесеттата македонска ударна бригада, балистите биле протерани од положбите на Водно. Борбите против овој непријател продолжиле на Треска, кога балистите биле префрлеени на левата страна. Во оваа борба против балистите, Боге го изгубил својот живот. Бил закопан на скопските гробишта.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ