мини|200px|Бронзена статуа на Бахус од Помпеја, 2 век пр.н.е. Бах или Бахус (лат. Bacchus или Bacchae) — бог на виното во римската митологија. Во старогрчката митологији му одговара Дионис, т.е. Бах претставува негов римски пандан. Со оглед дека тој е Дионисов пандан и тој како и Дионис е син на Јупитер и ќерката на Кадмо Семела.Митологија, Лејди Хестија Еванс (Lady Hestia Evans), издао Candlewick Press

Митологија Бах бил римски бог на виното и земјоделските култура. Го симболизирале виновата лоза и бршленот. Негови придружници (во старогрчката митологија) се сатири и менади. Менадите се познати и под името бахатници; тие биле негове помамни, палави придружнички. Долги години лутал по светот одејќи до најоддалечените предели на светот учејќи ги луѓето да одгледуваат винова лоза.

Името Бах или Бахус потекнува од зборот bacca што значи бобинка, како бобинките (зрнатаЃ грозје. Често е поистоветуван со старото италско божество Либер.talesbeyondbelief.com /Бахус/ , Пристапено 21. 3. 2016

Бахус е син на Јупитер (Зевс) и Семела, која била излажана од страна на Јунона (Хера) која ја наговорила да побара да го види Јупитер во полн сјај. Наивна, тоа и го побарала, па изгорела од пламенот и светлината на Јупитеровото божествен облик, бидејќи била само смртница. За да го спаси бебето од умирање во телото на мајката, Јупитер го зашил детето во својот бут и го носел девет месеци. Како дете, Бахус бил подучаван од страна на Силен, учителот на богот на виното.

Баханалии

Бахусовиот (Дионисовиот) празник се славел на 16 и 17 март (или 15 и 16 март), и бил прославуван со фестивалот Баханали, кој се одликувал со пијанчење и водење оргии, а кои заради својот сексуален карактер биле забранети од страна на сенатот во 186 година пр.н.е. Овој празник го нарекувале и „Дионизии“ според грчкиот бог на виното - Дионис.pantheon.org /Бахус/ , Пристапено на 21. 3. 2016

Наводи

Категорија:Римски богови Категорија:Римска митологија