Оваа статија дава подетален преглед на натпреварите од завршната фаза на изданието 2017-2018 на Купот на Италија во фудбал.
Дати Фаза Рунда Прв натпревар Втор натпревар Завршна фаза Осминафинале 12-13-14-19-20 декември 2017 Четвртфинале 26-27 декември 2017, 2-3 јануари 2018 Полуфинале 30-31 јануари 2018 28 февруари 2018 Финале 9 мај 2018
Екипи ЛегендаФиналисти на Купот на Италија 2017-2018ПолуфиналистиЕлиминирани во четвртфиналеЕлиминирани во осминафинале Екипа 12345678Екипа910121316192643
Ждреб
Осминафинале Осминафиналните натпревари се одиграле од 12 до 20 декември 2017. Резултати
Натпревари
Четвртфинале Натпреварите се одиграле на 26 декември 2017 до 3 јануари 2018. Резултати
Натпревари
Полуфинале Натпреварите се одиграле на 30 и 31 јануари (први натпревари), и 28 февруари 2018 (реваншите). Резултати
Натпревари Први натпревари
Втори натпревари
Финале Преглед на натпреварот Во финалето на Купот на Италија 2017-2018 се пласирале екипите на и . Финалето се одиграло на 9 мај 2018, на стадионот Олимпико во Рим со почеток од 21:00 часот.
Откако во првото полувреме не бил виден ниту еден погодок, резултатот бил отворен после 11 минути од продолжението: бранителот на титулата Јувентус, прв го нанел својот удар кога по корнерот на Миралем Пјаниќ, најдобро во шеснаесеттникот на Милан се снашол дефанзивецот Меди Бенатија, кој со глава ја пратил топката во мрежата на росонерите. Се чини дека тоа бил одлучувачкиот момент во финалето, бидејќи само пет минути подоцна преку Даглас Коста бјанконерите постигнале уште еден гол за водство од 2-0. Ударот на бразилецот од 18-метри бил во опсегот на голманот на Милан, Џанлујџи Донарума, кој не изреагирал добро при ударот и ја одбил топката во сопствената мрежа. Само три минути подоцна нова грешка на Донарума и нов гол за Јуве; ударот со глава на Марио Манџукиќ во прв момент го одбранил Донарума, но потоа топката му испаднала од рацете а од непосредна близина до голот тоа го искористил Бенатија, за да го постигне својот втор гол и да ја зголеми предноста на Јувентус на три гола. Конечните 4-0 за Јувентус, биле поставени во 76-тата минута и тоа повторно по корнер од левата страна кој го извел Пјаниќ (двата гола на Бенатија претходно бил постигнати по корнери од оваа страна кој ги извел босанско-херцеговскиот играч), но овојпат наместо играч на Јувентус со топката играл напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ, кој си постигнал автогол.
Победата на Јувентус со 4-0, била највисоката победа во финалето на Купот на Италија откако натпреварите повторно се играат во еден натпревар (од сезоната 2007-2008). Воедно, победа со четири гола разлика, претставува и најубедливата победа во историјата на финалињата на Купот на Италија (играни во еден натпревар), а истата со овој натпревар се повторила по четврти пат: по Торино-Алесандрија 5-1 (1936), Торино-Венеција 4-0 (1943) и Наполи-Верона 4-0 (1976).
Детали од натпреварот
</onlyinclude>
GK 1 Џанлујџи Буфон RB 7 Хуан КвадрадоCB 15 Андреја БарцаљиCB 4 Меди БенатијаLB 22 Квадво АсамоаCM 6 Сами ХедираCM 5 Миралем Пјаниќ CM 14 Блез МатуидиRW 10 Пауло Дибала LW 11 Даглас Коста CF 17 Марио МанџукиќРезерви:GK 16 Карло ПинсољоGK 23 Војќех ШченсниDF 2 Матија Де ШиљоDF 12 Алекс СандроDF 21 Бенедикт ХеведесDF 24 Даниеле РуганиDF 26 Стефан ЛихтштајнерMF 8 Клаудио Маркизио MF 27 Стефано СтурароMF 30 Родриго БентанкурFW 9 Гонсало Игуаин FW 33 Федерико Бернардески Тренер: Масимилијано Алегри GK 99 Џанлујџи ДонарумаRB 2 Давиде Калабрија CB 19 Леонардо Бонучи CB 13 Алесио РомањолиLB 68 Рикардо РодригесCM 79 Франк КесиеCM 73 Мануел Локатели CM 5 Џакомо БонавентураRW 8 Сусо CF 63 Патрик Кутроне LW 10 Хакан ЧалханоглуРезерви:GK 30 Марко СторариGK 90 Антонио ДонарумаDF 17 Кристијан СапатаDF 20 Игнацио АбатеDF 22 Матео МусакиоDF 31 Лука АнтонелиMF 4 Хосе МауриMF 18 Рикардо Монтоливо MF 21 Лукас БиљаFW 7 Никола Калиниќ FW 9 Андре СилваFW 11 Фабио Борини Тренер: Џенаро Гатузо
Помошни судии: Рикардо Ди Фјоре Џулио Добош Четврти судија: Марко Гвида Video assistant referee: Масимилијано Ирати Помошен video assistant referee: Џанлука ВуотоПравила на натпреварот 90 минути. 30 минути продолженија ако е потребно. Изведување пенали ако резултатот е нерешен. Најмногу дванаесет замени се дозволени, од кои три можат да бидат искористени.
Наводи
Поврзано Фудбалски куп на Италија 2017-2018
Завршна фаза