Њујорк: Аџилак (New York: The Pilgrimage) е македонски музички документарен филм од 2020 година, своевидно патешествие низ улиците на Њујорк, родното место на хип-хоп културата. Режисер и сценарист на филмот е Славчо Ковилоски, а како продуценти се јавуваат Стојан Каевски и Александар Ковилоски. Филмот е изработен како во продукција на Хип Хоп Македонија, Урбан Институт-Скопје и Перун Филмс. Времетраењето е 39 минути. Поради експлицитниот јазик и експлицитните сцени категоризиран е со ознаката 16+.

Содржина Филмот се однесува на видувањето на еден претставник на хип-хопот од Македонија, кој решава да ги посети најзначајните места во Њујорк, а кои се однесуваат на хип-хопот. Филмот започнува со сцени од македонската хип-хоп и урбаната култура во Скопје и скопските клубови, а понатаму се одвива на улиците на Квинс, Харлем, Шпански Харлем, Бронкс и Бруклин. Дел од сцените се однесуваат на муралите на рап артистите Биг Л (Big L) и Ноториус БИГ (The Notorious B.I.G.), на битбокс и b-boy настапи, на растењето на градот Њујорк и на претставување на македонската хип-хоп култура во САД. Сите тие културни влијанија, расни проблеми и борби за права се прикажани во културна смисла. Главна цел е да се направи паралела помеѓу развојот на хип-хопот во САД и во Европа, поточно во Македонија, каде што хип-хопот се појави на почетокот од 90-тите. Овој документарец исполнет со музика од златното време на хип-хопот и слики од гетата и местата каде што се развиваше оваа култура, даваат личен приказ за градот што го доживеал авторот на филмот, кој пораснал со хип-хоп културата.

Филмот е сниман во 2018 година, а реализиран е во 2020 година.

Фестивали Премиерата на „Њујорк: Аџилак“ се случи на фестивалот ДОРФ во Винковци, Хрватска, по што следуваше македонската премиера на Синедејс во Скопје и на Dok’ n’ Ritam во Белград, Србија.

Наводи

Надворешни врски Трејлер за филмот Њујорк: Аџилак

Категорија:Македонски хип-хоп Категорија:Македонски документарни филмови Категорија:Филмски фестивали во Македонија Филмови