Вардар бил весник на српски јазик, кој излегувал во Скопје од 1932 година по иницијатива на белградскиот новинар Милан Јовановиќ.

Во редакцијата бил и Јован Костиќ кој уредил неколку броја. Во почетокот излегувал како седмичник, потоа двапати, а при крајот, пред да згасне во 1936 излегувал трипати неделно. Иако е најавено дека во весникот „ќе се чуе зборот на најситните луѓе на Југот“, Редакцијата застанала на платформата на општите принципи на југословенската идеологија прокламирана со Шестојануарската диктатура.

Категорија:Историја на Скопје Категорија:Весници