Манастириште - Студењак — археолошко наоѓалиште во селото Калиманци, сместено на 3 км северно од стариот пат Кочани-Делчево. Претставува населба од римско време. Во нивите на мештани се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Во почетокот на 1950-тите години биле откриени две женски статуи (каријатиди), изработени од крупнозрнест мермер, коишто денес се чуваат во Заводот и музеј во Штип.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Велогат — доцноантичка населба; Виничка Скала — доцноантичка населба; Горица — некропола од римско време; Остовец — средновековна црква; Русалски Гробишта — некропола и тумул од железно време; Студењак — доцноантичка населба; Царевец — населба и некропола од римско време; и Цинцов Рид — населба од римско време.

Наводи