Русалски Гробишта — археолошко наоѓалиште во селото Калиманци, сместено на околу 500 м јужно од училиштето, во правец кон Јуручко Маало. Претставува некропола и тумул од железно време. На терасесто тло се забележуваат конструкции од дваесетина гроба распоредени во круг којшто образува основа од тумул со пречник од околу 5 м и височина од 0,8 м. Гробовите биле градени од камени плочи и се поставени во правците исток-запад и северозапад-југоисток.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Велогат — доцноантичка населба; Виничка Скала — доцноантичка населба; Горица — некропола од римско време; Манастириште - Студењак — населба од римско време; Остовец — средновековна црква; Студењак — доцноантичка населба; Царевец — населба и некропола од римско време; и Цинцов Рид — населба од римско време.

Наводи