мини|десно|250п|Реката во рамките на Северна Кореја. Тедонг (, тркр. Тедонг-ганг) — голема река во Северна Кореја. Извира во венецот Рангрим, во северниот дел на земјата, па тече на југозапад и се влева во Корејскиот Залив кај Нампо.Suh, Dae-Sook (1987) "North Korea in 1986: Strengthening the Soviet Connection" Asian Survey 27(1): стр. 62 Минува низ главниот град Пјонгјанг, и тоа покрајКулата на идејата џуче и плоштадот плоштадот „Ким Ил-сунг“.

Реката е долга 439 км, петта по длабочина на Корејскиот Полуостров и втора по должина во Северна Кореја. Пјонгјанг лежи 110 км спротиводно од устието, Сунчон е 192, а Техунг е 414 км. Поради значајната длабочина, има голема сообраќајна улога и е пловна за големи бродови сè до 65 км во внатрешноста на полуостровот, иако стопанските пловила обично не одат подалеку од Сонгним.

Историја На бреговите на Тедонг е основано кралството Когурјо и истите изобилуваат со археолошки наоѓалишта од новото камено и бронзено време. Во минатото реката се нарекувала и Пе.(1973) Transactions of the Korea branch of the Royal Asiatic Society vol. 48, page 59

Брани и мостови Во 1986 г. во устието на реката кај Нампо е изгадена Западноморската Брана со должина од 8 км и три преводници со 36 капии. Браната служи за контролирање на водотекот и наводнување на новомелиорираното земјиште од заливот. Недостатокот на ова решение е пореметувањето на самопрочистувањето на Тедонг, задржувајќи ги нечистотиите.Tenenbaum, David J. (2005) "International Health: North Korean Catastrophe" Environmental Health Perspectives 113(1): p. A26, page A26 На реката има и други хидроенергетски објекти како електраната „Њонгвон“.(209) Korea Today No. 640

Во Пјонгјанг на реката има шест моста, од кои позначајни се Окрју, Рунгра и Тедонг.

Поврзано Список на реки во Северна Кореја Географија на Северна Кореја

Наводи

Литература .

Надворешни врски

Сливот на Тедонг — Севернокорејска комисија за УНЕСКО

Категорија:Реки во Северна Кореја Категорија:Пјонгјанг Категорија:Јужен Пјонган