Фудбалската репрезентација на Северна Кореја двапати досега настапила на Светските Првенства: во 1966 година и 2010 година.

Краток преглед

1966 во Англија По дисквалификацијата на Јужна Африка и поради повлекување поради логистички причини на Јужна Кореја, Северна Кореја добила шанса да се натпреварува во плеј-оф натпреварот против Австралија, сè со цел да се квалификуваат, при што биле поуспешни со вкупен резултат од 9-2.

Во третиот и одлучувачки натпревар во групата, Северна Кореја ја победила Италија со 1-0, која претставувала кандидат за освојување на првенството, и со тоа влегла во втората фаза. До тогаш немало тим од Азија кој го поминал првиот круг  и направила таков подвиг, сè до 1994 година, кога Саудиска Арабија го достигнала вториот круг односно во најдобрите 16 репрезентации.

Во четврт-финалето против Португалија, Северна Кореја успеала да поведе со резултат од 3-0 по 22 минути игра, но резултатот бил завртен со конечен скор од 3-5, благодарение на португалската ѕвезда Еузебио кој постигнал четири гола.

2010 во Јужна Африка Во нивната последна квалификациона група, Северна Кореја поминала во вториот, во пресрет на двата натпревари против Саудиска Арабија и Иран, за директен пласман на Светското првенство во 2010 година.

Овој пат, тие не успеале да направат неочекуван резултат. Уште еднаш, Северна Кореја морала да се соочи со Португалија, овој пат во групната фаза, со пораз од 7-0 во полза на португалскит тим.

Рекорд на Светските првенства

ГодинаРундаПозицијаGPПН*ПGSGA1930 до 1962Не се квалификувале------- 1966Четврт-финале84112591970Се повлекле-------1974Не се квалификувале-------1978Се повлекле-------1982 до 1994Не се квалификувале-------1998 до 2002Без учество-------2006Не се квалификувале------- 2010Групна фаза 3230031122014 до 2018Не се квалификувале-------Total2/217115621

Натпревари на Светските првенства (Екипни)Total : 1 Победа – 1 Нерешено – 5 Порази– 7 одиграни натпревариПротивПобедиНерешениПоразиВкупноПротивПобедиНерешениПоразиВкупно001100110101-----1001-----0022-----0011-----

Наводи