Историјата на хебрејскиот јазик е една од најдокументираните меѓу јазиците во светот.

Според класификацијата, хебрејскиот е дел од кананските јазици, кои пак се дел од северозападните семитски јазици од големото семејство на семитски јазици.Ross, Allen P. Introducing Biblical Hebrew, Baker Academic, 2001.

Според Аврахам Бен Јосеф, хебрејскиот јазик се воздигнал како секојдневен јазик на широките маси во Израелското Кралство и во Јудејското Кралство во периодот од 1200 до 586 година п.н.е.אברהם בן יוסף ,מבוא לתולדות הלשון העברית (Avraham ben-Yosef, Introduction to the History of the Hebrew Language), page 38, אור-עם, Tel-Aviv, 1981. Помеѓу научниците се развила дебата за тоа до кој степен хебрејскиот бил секојдневен јазик на општење во древните времиња по Вавилонскиот егзил, кога во тој период доминантен меѓународен јазик бил староарамејскиот.

Во доцниот Древен период хебрејскиот исчезнал како секојдневен јазик на општење, но продолжил да биде употребуван како книжевен јазик на Јудаизмот. Во тој период се развиле различни писмени форми на јазикот, па така овој период започнува со средновековниот хебрејски па сè до неговото повторно оживувањето како секојдневен јазик на општење во доцниот 19 век.

Најрани хебрејски записи

Во јули 2008 година израелскиот археолог Јосеф Гарфинкел открил керамички остатоци во Кирбет Кејафа, за кои тврдел дека се најстарите записи на хебрејскиот, кои пак ги датира на старост од 3000 години. Археологот Амихај Мазар од Хебрејскито Универзитет изјавил дека записите се „праканански“, но предупредил дека „разликите помеѓу писмото, и помеѓу самите јазици во тој период остануваат нејасни“ и додал дека да се именува тој натпис како „хебрејски“ е преголем залак.

Гезерскиот календар исто така датира од 10 век п.н.е., од почетокот на „монархискиот период“, традиционално име на периодот од владеењето на кралевите Давид и Соломон. Натписот на календарот се класифицирал како архаичен библиски хебрејски јазик и тој всушност претставува список на сезонски и поврзани земјоделски активности. Календарот, кој е именуван според градот каде е пронајден, е испишан на старосемитско писмо, слично на феникиското и истиот нема употреба на самогласки.

Бројни постари табли се пронајдени во регионот соо слични писма напишани на други семитски јазици. Се верува дека оригиналниот извор на ова писмо е египетското хиероглифско писмо. Фонетските вредности се зададени според акрофонските принципи. Заедничкиот предок на хебрејскиот и феникискиот се нарекува канански и тој бил првиот кој користел семитско писмо различно од египетскиот. Еден древен документ за хеберскиот е Моапскиот камен, како и Силоамскиот натпис, кој е пронајден во близина на Ерусалим. Понатака, значаен за развојот на хебрејскиот и историјата на раниот развикот на јазикот се и остраконите кои се пронајдени во близина на Лахиш кои пак даваат објаснување за настаните поврзани со последното заземање на Ерусалим од страна на Вавилон во 586 п.н.е.

Библиски хебрејски

Класичниот хебрејски јазик, или попознат како библиски хебрејски јазик, во поширока смисла на зборот бил во својот подем од 10 век п.н.е. до 4 век.William M. Schniedewind, "Prolegomena for the Sociolinguistics of Classical Hebrew", The Journal of Hebrew Scriptures vol. 5 article 6 Самиот поим „библиски хебрејски“ опфаќа неколку значајни и меѓусебно совпаѓачки дијалекти. Така, етапниот развој на јазикот, односно неговите фази се именувани според одредени значајни книжевни дела:

архаичен библиски хебрејски јазик - развојниот период на хебрејскиот од 10 до 6 век п.н.е., кој патем се совпаѓа со т.н. „монархиски период“ (Јудејското Царство и Израелското Царство) па сè до Вавилонското ропство. Овој период се создале одредени дела од Еврејската Библија, Танах, особено Мејсеевата песна и Деборината песна. Овој период исто така се именува и како старохебрејски или палеохебрејски и се запишувал на палеохебреско писмо. Од ова писмо произлегло самаритското писмо, кое и денес се користи. библиски хебрејски јазик - развојниот период на јазикот од 8 до 6 век п.н.е., кој пак се совпаѓа со доцниот монархиски период. За време на овој перид бил напишан поголем дел од содржината на Еврејската Библија. Формата на јазикот е зачувана и денес во светите дела на Јудаизмот. Оваа фаза на јазикот е позната и како ран библиски хебрејски, класичен библиски хебрејски или само класичен хебрејски. доцен библиски хебрејски јазик - развојниот период на јазикот од 5 до 3 век п.н.е. Овој период се совпаѓа со персискиот период и е претставен со помал број дела од Еврејската Библија, како што се книгите според Езра и Нехемија. Претежно овој период е скоро ист со библискиот период, само што на пример во овој период се забележуваат странски зборови од законодваната сфера (поради влијанието на помоќните држави). Покрај тоа, во овој период се користо претставката „ше-“ наместо „ашер“ (кој, кое). Во овој период се прифатило арамејското писмо како осново писмо за пишување на јазикот, што како директна последица го имаме денешното современо хебрејско писмо. израелски библиски јазик - предложен дијалект на библискиот хебрејски јазик.

По т.н. библиски период на хебрејскиот јазик, јазичарите опишуваат уште два „пост-библиски“ периоди:

хебрејскиот јазик од Свитоците од Мртвото Море - според јазичните описи овој период е од 3 век п.н.е. па до 1 век. Овој период се совпаѓа со хеленскиот и римскиот период, пред разрушувањето на Храмот во Ерусалим. Кумрановите свитоци се претставници на овој период, кои пак се составен дел од Свитоците од Мртвото Море. Поради тоа, понекогаш овој период се именува и како „кумранов хебрејски период“. Империското арамејско писмо од 3 век п.н.е. се развило во современото хебрејско квадратно писмо. мишнајски хебрејски јазик - историски период на хебрејскиот јазик од 3 или 4 век. Овој период се совпаѓа со римскиот период и падот на Храмот во Ерусалим. Периодот е претставен од делата Мишна и Тосефта од Талмудот, како и од Свитоците од Мртвото Море. Периодот исто така е познат како „танајски период“ или „ранорабински хебрејски“.

Понекогаш, горе напоменатите развојни фази на јазикот се сместуваат во „библискиот хебрејски“, вклучително и дијалектите од 10 век п.н.е. па до 2 век, како и мишнајскиот хебрејски, вклучувајќи ги дијалектите од 3 век п.н.е. па до 3 век.M. Segal, A Grammar of Mishnaic Hebrew (Oxford: Clarendon Press, 1927). Како и да е, денес, повеќето хебрејски јазичари ги класифицираат дијалектите од Свитоците од Мртвото Море како дијалектна група која се развила од доцниот библиски хебрејски јазик во мичнајскиот хебрејски, па така вклучувале елементи и од двете фази но сепак ја задржале својата посебност и одделност.Elisha Qimron, The Hebrew of the Dead Sea Scrolls, Harvard Semitic Studies 29 (Atlanta: Scholars Press 1986). Со почетокот на византискиот период во 4 век, класичниот хебрејски престанал да се употребува како секојдневен јазик за општење, односно грубо кажано еден век по објавувањето на Мишна. Ова е делумно како директна последица на Востанието на Бар Кохба во 135 година и катастрофалниот прогон о терор врз еврејското население од страна на Римското Царство.

Падот на хебрејскиот

Во околу 6 век п.н.е. Нововавилонското царство го освоило древното Јудејско Кралство. При тоа освојување голем дел од Ерусалим бил уништен и како последица на тоа населението пребегнало источно од Вавилон. За време на Вавилонското ропство, голем дел од Изаелитите го изучиле арамејскиот јазик, кој пак бил нивен сроден јазик. Така, еден значаен период еврејската елита потпаднала под големо влијание на арамејскиот.Nicholas Ostler, Empires of the Word: A Language History of the World, Harper Perennial, London, New York, Toronto, Sydney 2006 p80

Откако Кир Велики го освоил Вавилон, тој им дозволил на Евреите да излезат од ропството. Како последица на тоа, во Израелската земја покрај хебрејскиот била донесена и нова верзија (дијалект) на арамејскиот. До почетокот на новата ера, арамејскиот се воспоставил како првенствен секојдневен јазик на Самарија, Вавилон и Галилеја. Во Галилеја се зборувала рабинската форма на хебрејскиот донекаде 3 век од нашата ера. Луѓето, Евреите, се идентификувале со хебрејскиот преку негување на разни песни, поговорки и цитати од хебрејски текстови, а Рабините и свештенството го користеле како свет јазик на Јудаизмот.Sáenz-Badillos, Ángel and John Elwolde. 1996. A history of the Hebrew language. P.170-171Spolsky, Bernard and Elana Goldberg Shohamy. The languages of Israel: policy, ideology and practice. P.9Miguel Perez Fernandez, An Introductory Grammar of Rabbinic Hebrew (Leiden, Netherlands: Koninklijke Brill 1997).

Иако не постојат двоумици за тоа дека во одреден период од историјата хебрејскиот престанал да се користи како секојдневен јазик и негов наследник како општ јазик на Блискиот Исток се јавил арамејскиот, научните мислења за точниот датум сè уште не се поместени."Hebrew" in The Oxford Dictionary of the Christian Church, edit. F.L. Cross, first edition (Oxford, 1958), 3rd edition (Oxford 1997). The Oxford Dictionary of the Christian Church which once said, in 1958 in its first edition, that Hebrew "ceased to be a spoken language around the fourth century BCE", now says, in its 1997 (third) edition, that Hebrew "continued to be used as a spoken and written language in the New Testament period". Во првата половина на 20 век, повеќето научници ги следеле Гајгер и Далман и нивното тврдење дека арамејскиот јазик станал секојдневен јазик во Израелската земја уште во почетокот на израелскиот хеленистички период во 4 век п.н.е. Со тоа, хебрејскиот ја изгубил функцијата на секојдневен јазик во тој временски период.

Сегал, Клауснер и Бен Јехуда не се согласуваат со ова општо мислење за изумирање на хебрејскиот . За време на втората половина на 20 век, насобраните археолошки докази и особено јазичните анализи на Свитоците од Мртвото Море го оспориле ова тврдење. Свитоците всушност откриле древен еврејски текст, кој во најголем дел бил на хебрејски, а не на арамејски. Свитоците потврдиле дека јазикот или хебрејскиот кој бил употребуван за свитоците бил разбирлив и читлив за еден просечен Израелит и пишаниот јазик еволуирал од библиското време како што еволуирал говорниот јазик. Скорешните истражувања од ова поле исто така потврдуваат дека Евреите зборувале и арамејски, што пак индицира постоење на повеќејазично општество, што значи дека немало ексклузивитет на еден јазик. Така се верува дека хебрејскиот постоел и се користел паралелно со арамејскиот.The Cambridge History of Judaism: The late Roman-Rabbinic period. 2006. P.460 Повеќето научници го датираат изумирањето на хебрејскиот јазик со крајот на римската покраина Јудеја, односно 200 година.Borrás, Judit Targarona and Ángel Sáenz-Badillos. 1999. Jewish Studies at the Turn of the Twentieth Century. P.3 Сепак тоа изумирање важело за говорниот јазик. Пишаниот хебрејски продолжил и понатака да биде литургиски и свет јазик за Јудаизмот.

Точните меѓусебни врски на доминантните јазици во регионот се сè уште жешка тема на дебата. Во овој римски период и периодот пред и после него се предлага сценарио со три јазика за Галилеја. Хебрејскиот јазик бил мајчин јазик на Евреите и силна врска со историјата, потеклото и златното доба на Израел. Арамејскиот имал функција на административен и меѓународен јазик или „лингва франка“ за Блискиот Исток. Во меѓувреме навлегле и други јазици, помали, но и европски како што е старогрчкиот. Така, полека и старогрчкиот, заедно со латинскиот, станал јазик за меѓународна комуникација, но не со толкав подем како арамејскиот во своето златно доба.