Драгиша Здравковски (, , - , ) — македонски археолог и универзитетски професор, проучувач на младото камено време во Македонија.“DRAGIŠA ZDRAVKOVSKI - IN MEMORIAM - Cultural Manifestations during the Neolithic Period on the Territory of the Republic of Macedonia and Neighboring Regions”
Животопис Здравковски е роден е на 12 октомври 1952 година во Свети Николе. Дипломирал историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, на кој магистрирал и докторирал. Во Музејот на Македонија, тој работел од 1981 до 2013 година како кустос советник (виш кустос, кустос) за младо камено време, а во еден период ги извршувал и функциите на програмски директор и директор. Во периодот од 2008 до 2012 година Здравковски го предавал предметот „археологија на Блискиот Исток 1 и 2“ на Филозофскиот факултет, а бил избран и за научен соработник. Меѓу последните проекти по кои стручната и пошироката јавност го памети Здравковски, е археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари во Скопје. Позначајни функции кои ги извршувал се Заменик директор на Музеј на Македонија, Секретар на ЗАМ и Секретар на редакцијата на Macedoniae acta archaeologia. Бил член на МАНД. Починал на 3 август во Скопје.
Наводи
Категорија:Луѓе од Свети Николе Категорија:Македонски археолози Категорија:Југословенски археолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Членови на МАНД Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје