Пјер Жан де Беранже (француски: Pierre-Jean de Béranger, роден на во - починал на во ) — француски поет и песнописец. Во своето творештво Беранже пишувал за љубовта, жените и виното, или ги користел како оружје и сатира против политичкиот живот и религиозните институции.
Животопис Беранже бил син на сиромашни родители и потомок на сиромашен кројач. Тој самиот работел како печатарски чирак, а потоа како службеник во некое биро каде работел за мала плата. Исто така, тој немал големо образование, т.е. никогаш не посетувал вистинско училиште, ниту пак универзитет.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 67.
Осврт кон творештвото Гете имал позитивно мислење за творештвото на Беранже, истакнувајќи дека кај него ништо не е измислено, нема замислен или нестварен интерес и дека тој секогаш има значајни предмети на обработка. Исто така, Гете сметал дека уметничката разработка на Беранже секогаш е совршена, зашто тој во себе го носел предметот долго време пред да го искаже. Исто така, Гете ги фали досетките, духовноста, иронијата, персифлажата, срдечноста и наивноста во делата на Беранже. Како резултат на тоа, неговите песни разведрувале милиони луѓе и биле пристапни за работничката класа, поттикнувајќи го народот да мисли благородно.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 62.
Наводи
Категорија:Француски поети Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“