Клеман Маро (француски: Clément Marot, роден на во - починал на во ) — француски поет, од ерата на ренесансата.
Животопис
Клеман Маро е роден на во , Франција. Неговиот татко Жан бил дворски поет во дворот на Луј XII. Клеман Маро служел на Маргарита Наварска, Франсоа I, а за време на принудниот егзил во Италија служел на една војвотката на Ферара. Клемент се образувал на Универзитетот во Париз, а потоа започнал да студира право но подоцна се откажал. Жан Маро го воведел на својот син во модерните форми на поезијата.
Во 1524 година бил во придружба на францускиот крал Франсоа I во катастрофалната за него италијанска кампања, кога во Битката кај Павија кралот бил заробен. Денеска не постојат докази што се случило со поетот, односно дали и тој бил заробен или ранет, но се знае дека во почетокот на 1525 година тој бил во Париз.
Клеман Маро со своите стихови го исмевал католичкото свештенство поради нивните интриги, лицемерие и алчноста. Тој бил прогонет бидејќи наводно јадел месо во петокот и дека ги преведува псалмите по примерот на Мартин Лутер и со тоа се оддава на француските протестанти. Поради тоа на неколкупати Клеман Маролежел во затвор. Неговата поезија е исполнета со весел дух. Пример за тоа се песните „За Ана, која фрла во мене снег“, „За лошиот поет“, „Елегија“, „За самиот себе“ и други.
Надворешни врски Pictures of Marot C A Mayer Memorial Trust
Категорија:Француски поети Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет