Гејџино (, од gauge „баждарење“ и -ino) — хипотетички елементарна честичка, суперпартнер на баждарното поле според предвидувањата на баждарната теорија здружена со суперсиметријата.
Во миниланото суперсиметрично дополение на стандардниот модел постојат следниве гејџина: глуино (симб. ) — суперпартнер на глуонот, и затоа има боен полнеж. гравитино (симб. ) — суперсиметричен партнер на гравитонот. вино (симб. и W͂3) — суперпартнери на W-бозоните во баждарните полиња SU(2)L. бино — суперпартнер на важдарното поле U(1) кој соодветствува на слабиот хиперполнеж.
Гејџината се мешаат со хигсината, суперпартнери на степените на слобода во Хигсовото поле, и образуваат линеарни сплетови („масови сопствени состојби“) наречени неутралина (електрично неутрални) и чарџина (наелектризирани). Во многу модели, најлесната суперсиметрична честичка (LSP), честопати неутралино како фотиното, е стабилна. Во тој случај, ова е слабо заемодејствувачка масивна честичка (WIMP) и кандидат за темната материја.
Наводи
Категорија:Суперсиметрија Категорија:Теориска физика Категорија:Хипотетички елементарни честички