Добри Величковски (роден во година - починал во ) — директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија во периодот од 1995 до 1998 година.

Животопис

Добри Величковски е роден во 1943 година. Целата своја работна кариера ја поминал во Министерството за внатрешни работи каде што работел во повеќе оперативни единици, но главно бил ангажиран како разузнавач.

Во периодот меѓу 1995 и 1998 година раководел со Службата за државна безбедност. Во текот на неговото управување се случил атентат врз Киро Глигоров и Деветтојулските настани во Гостивар и Тетово.

По разрешувањето во 1998 година, Величковски се пензионирал. Подоцна од страна на ВМРО-ДПМНЕ бил обвинет дека бил главен протагонист во аферата „Сина птица" која се однесува на следење и прислушување на членови на оваа политичка партија.

Починал во 2006 година во Скопје.

Категорија:Директори на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија Категорија:Соработници на Службата за државна безбедност Категорија:Починати во Скопје