Јуриј Цолакович Оганесјан (, ; р. ) — руски јадрен физичар со ерменско потекло. Важи водечки стручњак во светот во истражувањето на супертешките елементи. Заедно со неговата екипа, ги открил најтешките елементи во периодниот систем. Добитник е на многу награди, признанија и одликувања од руската и советската држава.
Образование и научна работа Оганесјан е роден во Ростов на Дон. Во 1956 г. дипломирал на Московскиот инженерско-физички институт (МИФИ). На возраст од 28 години стапил во групата на Георгиј Фљоров во Обединетиот институт за јадрени истражувања во Дубна.
Денес е главен научен раководител во Лабораторијата за јадрени реакции „Г.Н. Фљоров“ (ЛЈРФ). Околу 1970 г. го измислил ладното соединување кај нуклеосинтезата „атом по атом“ (несродна со истоимената псевдонаучна соединување), а во доцните 1990-ти прв ја вовел топлата соединување. Во 2009 г. научници од САД го потврдиле откривањето на флеровиумот, кој Оганесјан и неговата екипа го направиле пред повеќе од една деценија. Оганесјан е значаен истражувач на полето на островите на стабилноста, а работи и на истражување на оливинот и паласитот, со надеж дека ќе најде супертешки елементи во природата.
Оганесон Во ноември 2016 г. Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) објавил дека елементот 118 отсега се нарекува оганесон во чест на Оганесјан. Иако веќе постојат дузина елементи наречени по личностиостанатите 12 елементи наречени по личности се: кириумот, ајнштајниумот, фермиумот, менделевиумот, нобелиумот, лоренциумот, радерфордиумот, сиборгиумот, бориумот, мајтнериумот, рендгениумот и копернициумот; уште пет се наречени по места/нешта кои пак се наречени по луѓе: самариумот, гадолиниумот, берклиумот, флеровиумот, ливермориумот) оганесонот е еден од само два елемента наречени по жив човек (другиот е сиборгиумот, наречен додека Глен Сиборг уште бил жив).
Наводи
Надворешни врски Профил на Јуриј Оганесјан — Руска академија на науките ru Јуриј Оганесјан — Лабораторија за јадрени реакции „Г.Н. Фљоров“
Категорија:Членови на Руската академија на науките Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Руски јадрени физичари Категорија:Руски физичари Категорија:Ерменски физичари Категорија:Советски физичари Категорија:Физичари од 20 век Категорија:Физичари од 21 век Категорија:Добитници на Државната награда на Руската Федерација Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Добитници на наградата на Ленинскиот комсомол Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Луѓе од Ростов на Дон Категорија:Откривачи на хемиски елементи Категорија:Добитници на Демидовата награда Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од II степен Категорија:Живи луѓе Категорија:Странски членови на Српската академија на науките и уметностите