Арголида или Арголис () е еден од окрузите во Грција. Дел е од областа Пелопонез, и се наоѓа во источниот дел од полуостровот Пелопонез, како и дел од тромеѓата на Арголида, Аркадија и Коринтија. Голем дел од територијата на оваа област е сместен на полуостровот Арголида.
Географија
Почвата што е погодна за обработување се наоѓа во централниот дел на Арголида. Основни земјоделски култури кои се одгледуваат овде се портокалите и маслинките. Крајбрежјето на Арголида е на Заронски Залив на североисток и на Арголиски Залив на југ и југоисток. Од планининските венци, овде минуваат: Олигирт на северозапад, Лиркејо и Ктенија на запад, и Арахнајо и Дидимо на исток.
Арголида се граничи на копно со Аркадија на запад и југозапад, Коринтија на север, а на исток со округот Острови. Древна Арголида го вклучувала градот Трозен.
Историја
Дел од историјата на овој округ се спојуваа со онаа на Аргос, Микена, Епидаур, Нафплио, Трозен, Ермиони, Краниди, и Толо. Арголида се споменува во „каталогот на бродови“ од Илијадата, но без да се именува со овој назив, туку поголемите градови од овој округ се набројани заедно, кои ги предводел Диомед.Homer, Iliad II, 559–568
Понова историја Од 1833 до 1899 година, Арголида била дел од Арголидокоринтија, која ги вклучувала денешните Коринтија, Хидра, Спецес и Китира. Повторно во 1909 година, Арголида се приклучила кон Арголидокоринтија. Четириесет години подоцна, во 1949 година, Арголида конечно е одвоена од Коринтија.
Сообраќај
Автопатишта кои минуваат низ округот:
Европски пат Е65 (северозапад) ЕО7 (Грција) ЕО70 (Грција) (исток)
Галерија
Наводи
Категорија:Окрузи во Грција Категорија:Административна поделба на Грција Категорија:Географија на Грција Категорија:Населени места во Грција Категорија:Региони во Грција