Оганесонот (Og) е вештачки елемент добиен во судирач на честички, па затоа не може да му се наведе стандардна атомска маса. Како и сите вештачки елементи, оганесонот нема стабилни изотопи. Првиот (и засега единствен) изотоп на елементот е 294Og, добиен во 2006 г.; има период на полураспад од 890 микросекунди.
Табела мини|десно|Патека на радиоактивниот распад на изотопот оганесон-294. Распадната енергија и просечниот период на полураспад се наведени за матичниот изотоп и секој производен изотоп. Со зелено е укажан делот од атомите што претрпува спонтана делба (SF).
Нуклиденсимбол Z(p) N(n) изотопна маса (u) полураспадначинина распад производи јадренспин 294Og 118 176 294,21392(71)# 890 µs α 290Lv
Напомени Вредностите обележани со # не се добиени само со опитни податоци, туку барем делумно, и по систематски тежнеења. Неизвесностите се наведени во концизен облик во загради по соодветните завршни цифри. Вредностите од Ame2003 подразбираат едно стандардно отстапување. Вредностите од IUPAC се проширени неизвесности.
Теоретски предвидувања Теоретските пресметки вештачките патеки за, и полураспадот на, другите изотопи покажуваат дека некои може да се постабилни од добиениот изотоп 294Og — најверојатно изотопите 293Og, 295Og, 296Og, 297Og, 298Og, 300Og и 302Og. Од сите нив, 297Og веројатно нуди најголема можност за добивање на подолговечни јадра, и затоа може да игра главна улога во испитувањето на елементот. Некои изотопи со многу повеќе неутрони (како оние околу 313Og) исто така може да дадат подолговечни јадра.
Комбинации за сложени јадра со атомски број 118 Табелава наведува разни комбинации на цели и удирачи кои би можеле да се употребат за образување на сложени јадра (сложенки) со атомски број (Z) 118.
Цел Удирач Сложенка Исхот од обидот 208Pb86Kr 294Og 238U58Fe 296Og 244Pu 54Cr 298Og 248Cm50Ti 298Og 250Cm50Ti 300Og 249Cf48Ca 297Og 250Cf48Ca 298Og 251Cf48Ca 299Og 252Cf48Ca 300Og
Теоретски пресметки за испарувачки пресеци Оваа табела содржи разни комбинации на цели и удирачи за кои се добиени проценки на пресеците од добивките од разните испарувачки патишта на неутроните. Наведен е патот со најголема очекувана добивка.
ДЈС = двојадрен систем ; σ = пресек
Цел Удирач Сложенка Пат (производ) σ најв Модел Навод 208Pb 86Kr 294Og 1n (293Og) 0,1 pb ДЈС 208Pb 85Kr 293Og 1n (292Og) 0,18 pb ДЈС 252Cf 48Ca 300Og 3n (297Og) 1,2 pb ДЈС 251Cf 48Ca 299Og 3n (296Og) 1,2 pb ДЈС 249Cf 48Ca 297Og 3n (294Og) 0,3 pb ДЈС
Наводи Изотопни маси:
Категорија:Оганесон
Оганесон