Ривароксабан е орален антикоагуланс кој се користи кај пациенти подложени на големи ортопедски зафати на долен екстремитет. Тој претставува првиот достапен орален директен инхибитор на факторот Xa и припаѓа на групата на директни орални антикоагуланси (ДОАК), упте наречени и нови орални антикоагуланси (НОАК). Ривароксабанот добро се апсорбира во цревата и максималната инхибиција на факторот Xa се постигнува после четири часа. Ефектите траат 8–12 часа, но активноста на факторот Xa не се нормализира во текот на 24 часа, па е возможно дозирање еднаш дневно.

Во мај 2018 година, рекомбинантниот андексанет алфа (трговско име AndexXa) беше одобрен како антидот (противотров) за антагонистите на факторот Xa ривароксабан и апиксабан во САД.

Наводи

Категорија:Антикоагуланси Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ