Дрокија () – град во северниот дел на Молдавија. Тој е административен центар на реонот Дрокија.
Потекло на поимот Името на градот доаѓа од локалниот вид на птица наречена „дропие (, )“
Географија Градот се наоѓа на 174 км северно од престолнината Кишињев и 67 км североисточно од романскиот град Јаш. Просечната надморска висина на Дрокија е 226 метри.
Историја Хроничарите првпат ја споменуваат Дрокија во 1777 година. До 1830 година била мала населба со 25 семејства. Според документ од 1847 година, тогаш била изградена мала постројка за обработка на грозје, првото индустриско претпријатие во градот. Во 1875 година биле изградени две воденици на локалниот поток.
Поинтензивен индустриски развој градот доживеал со доаѓањето на железницата на крајот на 19 век. Според пописот од 1930 година, населбата (тогаш село) била позната како „Дрокија Гара“ (буквално „Станица Дрокија“), и имала население од само 595 жители.
Статус на град Дрокија добила во 1973 година.
Население Според пописот од 2004 година градот брои 16.606 жители. Националната структура е дадена во следнава табела:Попис 2004 - Демографски, национални, лингвистички, културни одлики: Етнички состав Етничка група попис 1930 попис 2004 Молдовци (Романци) 181 12.864 Рутенци (Украинци) 77 2.600 Руси 209 986 Евреи 112 13 Бугари – 22 Гагаузи – 18 Полјаци 5 6 Роми – 2 Арменци 7 95 Срби, Хрвати, Словенци 1 други 3 Total 595 16.606
Распределбата на населението според мајчиниот јазик е следнава: Мајчин јазик Јазик попис 1930 попис 2004 Романски 198 N/A Руски 210 N/A Јидиш 102 N/A Украински 80 N/A Полски 4 N/A други 1 N/A Total 595 16.606
Галерија
Збратимени градови Дрокија е збратимена со: , Борисов , Дорохој , Коломија , Радауци , Пинето
Наводи
Надворешни врски
Drochia Stadium on divizianationala.com Bogdan Petriceicu Hasdeu High School Webpage Дрокија на слики Drochia.md Дрокија
Категорија:Општини во Регионот Дрокија Категорија:Градови во Молдавија Категорија:Молдавија