„Елен, полската глувчица и тајната“ (шведски: Ellen, Sorken och hemligheten) — роман за деца на шведската писателка Марија Френсборг, со илустрации на Томас Нилсон. Романот е издаден од страна на издавачката куќа „Блесок“, како трета книга во рамките на едицијата „Бушавко“.Марија Френсборг и Томас Нилсон, Елен, полската глувчица и тајната. Скопје: Блесок, 2013.
Технички одлики Преводот на македонски јазик го направила Родна Русковска. Книгата, со димензии од 20 сантиметри и со обем од 120 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-59-554-7. Објавувањето на книгата било помогнато од Шведскиот уметнички совет. Дизајнот и подготовката за печат биле дело на „DTP Blesok“, а книгата била отпечатена во „Маринг“ од Скопје, во 500 примероци. Содржина Романот се состои од 22 глави: Капакот на амбисот и смртта со давење Седмица без пливање Чудак-клубот и кутијата со неопходности Планот со пижамите Зајачки костури со Виолетовото кралство Маси за деца и затворени врати Мекиот кревет и натрапникот Позната тетка Потскокнуваме и се колнеме Глупавиот десерт Смрдливиот татко и штикли-миклите Зајачки глупости и размислувања за тетката Кисело-весело и штипкање за стомак Лажни загризувања и уште чекање Украдената краставица и срцето од ванила Краставицата се виори Добро се преправаме Во светот на Неле Го галиме Улоф Палме Се палат ѕвездите Преобразбата Размислувањата на трансформаторот
Наводи
Категорија:Изданија на Блесок Категорија:Романи за деца Категорија:Шведски романи Категорија:Дела на Марија Френсборг Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија