Зелена мантела (Mantella viridis) е вид на жаба од семејството на мадагаскарски жаби (Mantellidae). Видот е ендемски во Мадагаскар. Нивното живеалиштe е суптропски или тропски суви шуми, реки, повремени реки, и силно деградирани поранешни шуми. На видот му се заканува губење на живеалиште.
Опис Зелената мантела е мала жаба. Мажјаците се долги 22−25 мм а женките 25−30 мм. Некои од жабите се јавуваат во жолта боја. Нивното лице е црно со бела лента околу горната усна. Долната страна на жабата е црна со сини дамки. Женските видови се претежно поголеми и имаат поквадратна муцка. Тие се критично загрозени поради загуба на живеалиштата и прекумерната трговија на животни.
Живеалиште Видот живее во северен Мадагаскар и просперира во суви ниски шуми на надморска височина од 50 и 300 метри.
Исхрана Зелените мантели јадат мали инсекти како мравки и вински мушички. Тие исто така јадат меко овошје. На зелената мантела и е потребна вода, како и на повеќето жаби, но тие не ја внесуваат водата преку пиење. Нивната пропустлива кожа овозможува апсорбирање на вода.
Наводи
Извори Raxworthy, C. & Vences, M. 2004. Mantella viridis. 2006 IUCN Red List of Threatened Species.
Категорија:Жаби Категорија:Ендемска фауна на Мадагаскар