Јоханес Брамс (германски: Johannes Brahms; 7 мај 1833 — 3 април 1897) — германски композитор и пијанист. мини|Јоханес Брамс (германски: Johannes Brahms) (7 мај 1833 - 3 април 1897) Животопис мини|Брамс во 1853 година. Јоханес Брамс е роден во Хамбург, на 7 мај 1833 година, во лутеранско семејство. Татко му, Јохан Јаков Брамс, свирел на контрабас во хамбрушкиот градски оркестар. Семејството на Брамс било бедно, така што младиот Брамс свирел по гостилниците. Преку концертните турнеи тој посетил многу германски градови, како и многу градови надвор од Германија. Потоа, тој станал ученик на Роберт Шуман и верен пријател на неговото семејство. Шуман бил првиот кој укажал на надареноста на младиот Брамс и неговото свирење на пијано го оценил како „навистина генијално“. Немајќи работа во Хамбург, Брамс се преселил во Виена, каде починал на 3 април 1897 година. мини|Гробот на Брамс.
Творештво Брамс компонирал симфонии, оркестарски серенади, клавирски сонати, 200 соло песни, а најпозната симфониска творба му е „Германски реквием“. Од неговите концерти се издвојува Концертот за виолина и оркестар, опус 77, а од клавирските творби „Унгарскиот танц“.
Брамс во популарната култура Покрај тоа што извршил големо влијание врз развојот на музиката, наследството на Брамс е присутно и во популарната култура. На пример, филмот на Анатол Литвак, „Довидување повторно“ од 1961 година, во Европа бил прикажуван под насловот „Го сакате ли Брамс?“ (Aimez-Vous Brahms?)ALLOCINE, Aimez-Vous Brahms? (пристапено на 6.12.2015), бидејќи бил снимен според истоимената новела на Франсоаз Саган од 1959 година. Истовремено, во филмот била користена музиката на Брамс, поточно неговата „Симфонија бр. 3 во F-dur, Оп. 90: III Poco allegretto“.IMDb, Goodbye Again (1961) (пристапено на 6.12.2015) Понатаму, на својот албум од 1972 година, „Академијата во опасност“ (The Academy in Peril), рок-музичарот Џон Кејл (John Cale), изразувајќи почит на своето класично музичко образование, ја вметнал и песната насловена едноставно „Брамс“ (Brahms).ALL MUSIC, John Cale, The Academy in Peril (пристапено на 6.12.2015)
Наводи
Категорија:Германски композитори Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“ Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности Категорија:Родени во 1833 година Категорија:Починати во 1897 година Категорија:Композитори на оргули