Вилата Мордох () — историски објект кој се наоѓа во Солун, Грција. Денеска во објектот се наоѓа седиштето на Општинската ликовна галерија.

Историја

Зградата е сместена во јужниот дел од населбата Пиргите, на раскрсницата на булеварот „Василиси Олга“ и „25 март“. Двокатната куќа била изградена во 1905 година од архитект Ксенофонт Пеонидис за Сејфула Паша. Зградата има комбинирана архитектура со елементи на неокласицизам, ренесанса, барок и ар нуво. Во внатрешноста има интересни стенописи од уметникот Нуредин.

Зградата подоцна била продадена на Самуил Мордох. Од почетокот на 1950-тите до почетокот на 1970-тите години во неа биле сместени Социјалниот осигурителен институт. Подоцна во неа била сместена Солунската општинска уметничка галерија до 2013 година, кога истата била префрлена во Каза Бјанка.

Наводи

Категорија:Згради и градби во Солун Категорија:Необарокна архитектура во Грција