Ту Јоујоу ( , р. ) — кинески фармаколог, лауреат на Нобеловата награда за 2015 година за физиологија или медицина (за откритие на артемизининот – препарат кој се користи за лечење на маларија и кој спасил милиони животи), а во 2011 година Ласкеровата награда за клиничка медицина. Таа е првиот етнички кинески (и прв граѓанин на НР Кина) која ја добила Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Животопис

Се родила во Нингбо во провинцијата Џеѓанг, Кина на 30 декември 1930 година. Од 1951 до 1955 година студирала фармакологија на Пекиншкиот медицински универзитет каде и дипломирала. Потоа, две години Ту ја изучувала традиционалната кинеска медицина.

По дипломирањето Ту работела на Академијата за кинеска медицина. Во 1980 година била промовирана во истражувач, а во 2001 година била промовирана во ментор на докторските кандидати. Моментално е раководител во академијата.

Награди

Нобелова награда за физиологија или медицина за 2015 година – поделена со Сатоши Омура и Вилијам Кемпбел Награда на фондацијата Ворен Алперт за 2015 година Ласкерова награда за клиничко медицинско истражување во 2011 година

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1930 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Кинески нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина