Хиџра (арапски: هِجْرَة или хиџрат, хегира - „преселба“) — пребегнувањето на исламскиот пророк Мухамед и неговите следбеници од Мека до Медина во јуни 622 г.Chronology of Prophetic Events, Fazlur Rehman Shaikh (2001) p.52 Ta-Ha Publishers Ltd.
Хиџра на Мухамед
Во 622 година, предупреден за заговор за негово убиство, Мухамед тајно пребегнува од Мека со Абу Бакр.Moojan Momen (1985),An Introduction to Shi'i Islam: History and Doctrines of Twelver Shi'ism, Yale University Press, New edition 1987, p. 5. Мухамед и неговите следбеници се пребегнале во градот Јатриб, 320 км северно од Мека. Јатриб подоцна ќе биде наречен Мединат ун-Наби, што во превод значи „градот на пророкот“, но ун-Наби подоцна се отфрла, па името станува Медина, што значи „градот“.F. A. Shamsi, "The Date of Hijrah", Islamic Studies 23 (1984): 189-224, 289-323. Муслиманската година за која се случува хиџра ја означува првата година од исламскиот календар воведен од Омар во 638 г. или 17 п.х. (со значење „по хиџрата“: меѓународно се користи наставката AH — anno hegirae — „од годината на хиџрата“). Во понатамошниот период градот ќе се нарекува Медина, а областа околу истиот Јатриб. Ден Дата ЗабелешкиДен 1четврток26 сафер п.х. 1(17 јуни 622 г.)Напуштањето на домот во Мека. Засолнувањето во период од три дена во пештерата Таур јужно од Мека.Ден 9понеделник1 Реби I 1 п.х.(21 јуни 622 г.) Ја нпушта околината на Мека. И се упатува северно кон областа Јатриб.Ден 16понеделник12 реби I 1 п.х.Al-Biruni states it was the 8th. cf. Chronology of Prophetic Events, Fazlur Rehman Shaikh (2001) p.51 Ta-Ha Publishers Ltd.(2 јули 622 г.)Al-Biruni's date would give 28th June 622Пристигнува во Куба во близина на Медина.Ден 20петок16 Реби I 1 п.х.Al-Biruni states it was the 12th(6 јули 622 г.)Првата посета на Медина за петочните молитви.Ден 30петок26 Rabi' I 1 п.х.(16 јули 622 г.)Се преместува од ел-Куба во Медина.
Како забелешка, ел-Бируни не се согласува со Алви, ибн Сад, Абу Џафар и ибни Хишам за погоре наведените дати.Chronology of Prophetic Events, Fazlur Rehman Shaikh (2001) pp.51-52 Ta-Ha Publishers Ltd.Caussin de Perceval writing in 1847 as reported in 1901 by Sherrard Beaumont Burnaby, Elements of the Jewish and Muhammadan calendars (London: 1901) 374–5. Претпоставените дати во наназд пресметаниот исламски календар ќе се разликуваат од вистинските дати поради тоа што се пресметани според современиот меѓународен Грегоријански календар. Хиџра се слави годишно на 1 Мухарем, првиот ден од муслиманската година, поради што многу автори го збунуваат првиот ден со самата година, погрешно пишувајќи дека хиџра се случила на 1 мухарем п.х. 1 (на пример 18 април 622 г.) па дури и претпоствената дата според грегоријанскиот календар 26 реби I во 1 п.х. е 16 јули 622 г. иако сето тоа се случило на 12 Реби I (2 July 622 г.).
Важно е да се запомни дека со осмислувањето на табеларниот исламски календар од страна на муслиманските астрономи се протега назад во времето и ги менува сиве овие дати за 88 денови или или три месечеви месеци бидејќи првиот ден од годината во кој се случува хиџра 1 Мухарем AH 1, ќе биде погрешно земен како понеделник 19 април 622 г. за разлика од петок 16 јули 622 г. Муслиманските дати за хиџра се оние кои биле забележани во првичниот арапски месечево-сончев календар и истите никогаш не биле правилно префрлени во месечевиот календар за да се надомести разликата од трите интеркалациони месеци кои биле вметнати за период од девет години, за истите подоцна да бидат забранети во годината на последниот аџилак на Мухамед (10 п.х.).
Прва хиџра
Технички, првата хиџра се случила во 615 г. кога група на мулимани била советувана од Мухамед за да го избегнат прогонот во Мека да отпатуваат во Етиопија (Абисинија во тој период), која била владеена од христијанскиот крал, Негус. Мухамед не се придружил во ова преселување. Во таа година неговите следбеници пребегнале од Мека поради племето, Курејш, кои беа испратиле пратеници во Етиопија за да ги вратат назад во Арабија. Движењето кое било во зародиш трпело големото противење и гонење, сè до оној момент кога Мухамед и неговите следбеници добиле покана од луѓето во Јатриб и одлучуваат да ја напуштат Мека.
Поврзано
Битката на Бадр Сијер
Наводи
Категорија:Арапски зборови Категорија:Мухамед Категорија:Исламски поими Категорија:Историја на исламот Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ