УЕФА Лига на шампиони 2014-2015 — 60-та сезона на најдоброто европско натпреварување во фудбал организиран од УЕФА, и 23-ра сезона откако е преименувана од Куп на Европските шампиони во УЕФА Лига на шампиони.

Натпреварувањето започнало со одржувањето на првото квалификациско коло на 1 јули 2014 година, а финалето ќе се одигра на 6 јуни 2015 година на Олимпискиот стадион во Берлин, Германија. Титулата ја брани Реал Мадрид, кој во финалето во 2014 година ја победил екипата на Атлетико Мадрид со резултат 4:1 по продолжетоци.

Ова ќе биде првата сезона во која клубовите мораат да го почитуваат финансикиот ферплеј на УЕФА со цел да учествуваатх во натпреварувањето. Освен тоа, оваа сезона на УЕФА Лигата на шампионите била првата сезона во која што се натпреварувал клуб од Гибралтар, по прифаќањето на фудбалскиот сојуз на Гибралтар како 54 член на УЕФА на конгресот одржан во мај 2013 година. Екипата која што го претставувала Гибралтар е Линколн Ред Импс, првак на Гибралтар во сезоната 2013/14.

Број на екипи На ова натпреварување учествувале 77 клубови од 53 сојузи со исклучок на Лихтенштајн, којшто нема државно првенство. Бројот на екипите од секој сојуз на се одредува според коефициентот на УЕФА Лигата.

сојузите рангирани од 1 до 3 место ќе ги претставуваат 4 клубови. сојузите рангирани од 4 до 6 место ќе ги претставуваат 3 клубови. сојузите рангирани од 7 до 15 место ќе ги претставуваат 2 клубови. сојузите рангирани од 16 до 54 место ќе бидат претставувани од 1 клуб (со исклучок на Лихтенштајн).

Рангирање на сојузи За УЕФА Лигата на шампионите 2014/15 националните сојузи биле распоредени според нивниот УЕФА коефициент од 2013 година, кој ги зема предвид нивните резултати во европските натпреварувања во периодот од сезоната 2008/09 до 2012/13.

Поз.сојузКоеф.Бр. ФК1 Шпанија88.02542 Англија82.9633 Германија79.6144 Италија64.14735 Португалија59.1686 Франција59.0007 Украина49.75828 Русија46.3329 Холандија44.72910 Турција34.50011 Белгија34.40012 Грција34.00013 Швајцарија28.92514 Кипар26.83315 Данска25.70016 Австрија25.375117 Чешка23.72518 Романија23.024Поз.сојузКоеф.Бр. ФК19 Израел22.875120 Белорусија20.87521 Полска20.75022 Хрватска19.58323 Шведска15.62524 Шкотска15.19125 Србија14.62526 Словачка14.20827 Норвешка14.17528 Бугарија12.25029 Унгарија11.75030 Словенија9.70831 Грузија9.16632 Азербејџан8.54133 Финска8.50834 Босна и Херцеговина7.83335 Молдавија7.66636 Ирска7.375Поз.сојузКоеф.Бр. ФК37 Литванија6.500 138 Казахстан5.95839 Латвија5.79140 Исланд5.41641 Црна Гора5.25042 Македонија5.25043 Албанија4.16644 Малта3.95845 Лихтенштајн3.500046 Луксембург3.375147 Северна Ирска3.08348 Велс2.58349 Естонија2.20850 Ерменија1.75051 Фарски Острови1.58352 Сан Марино0.66653 Андора0.50054 Гибралтар0.000

Распоред на екипи Прво квалификациско коло (4 екипи) 4 лигашки шампиони од сојузите рангирани од 50-то до 54-то место Второ квалификациско коло (34 екипи) 2 победници од првото квалификациско коло 32 лигашки шампиони од сојузите рангирани од 17-то до 49-то место (без Лихтенштајн) Трето квалификациско коло (20 екипи) 17 победници од второто квалификациско коло 3 лигашки прваци од сојузите рангирани од 14-то до 16-то место Трето квалификациско коло за останатите екипи (10 екипи) 9 второпласирани екипи од сојузите рангирани од 7-мо до 15-то место 1 третопласирана екипа од сојузот рангирана на 6-то место Плеј оф коло за прваци (10 екипи) 10 победници од третото квалификациско коло (прваци) Плеј-оф за останати екипи (10 екипа) 5 победници од третото квалификациско коло (останати клубови) 2 третопласирани екипи од сојузите рангирани од 4-то до 5-то место 3 четвртопласирани екипи од сојузите рангирани од 1–во до 3-то место Натпреварување по групи (32 екипи) 13 прваци од сојузите рангирани од 1–во до 13-то место 6 второпласирани екипи од сојузите рангирани од 1–во до 6-то место 3 третопласирани екипи од сојузите рангирани од 1-во до 3-то место 5 победници од плеј-офот за прваци 5 победника из плеј-офот за останати екипи Елиминациски дел (16 екипи) 8 победници од натпреварувањето по групи 8 второпласирани од натпреварувањето по групи

Екипи Позициите заземени на крајот на натпреварувачката 2014/15 сезона се прикажани во загради (БТ: Бранител на титула).

Натпреварување по групи Реал Мадрид Баерн Минхен Спортинг Галатасарај Атлетико Мадрид Борусија Дортмунд Пари Сен Жермен Андерлехт Барселона Шалке 04 Монко Олимпијакос Манчестер сити Јувентус Шахтар Донецк Базел Ливерпул Рома ЦСКА Москва Челси Бенфика Ајакс Плеј-оф колоПрвациОстанати Атлетик Билбао Баер Леверкузен Порто Арсенал Наполи Трето квалификациско колоПрвациОстанати АПОЕЛ Лил Бешикташ Напомена ТУР АЕЛ Лимасол Алборг Днипро Стандард Копенхаген Ред бул Салцбург Зенит Санкт Петербург Панатинајкос Фејнорд Грасхопер Второ квалификациско коло Спарта Прага Партизан Напомена СРБ Хелсинки Сутјеска Никшиќ Стеауа Букурешт Слован Братислава Зрињски Работнички Макаби Тел Авив Стромгодсет Шериф Тираспол Скендербег Корча БАТЕ Борисов Лудогорец Разград Сент Патрик атлетик Валета Легија Варшава Дебрецин Жалгирис 91 Дуделанж Динамо Загреб Марибор Актобе Клифтонвил Малме Динамо Тбилиси Вентспилс Њу Сејнтс Селтик Карабах Рејкјавик Прво квалификациско коло Левадија Талин ХБ Торсхавн Санта Кулома Банантс Ла Фиорита Линколн Ред импс

Напомени Србија (СРБ):Црвена ѕвезда, првак на Србија од сезоната 2013/14, се квалификувала за вториот круг на квалификации во Лигата на шампионите, но настапот им бил забранет од страна на УЕФА поради кршење на прописите за лиценцирање на играчите како и финансискиот фер-плеј. Како резултат на тоа, Партизан како второпласиран клуб во лигата ја заменил Црвена Ѕвезда. Турција (ТУР):Фенербахче, првак на Турција од сезоната 2013/14, требал да настапи во групната фаза на Лигата на шампионите, но УЕФА го забранила тоа поради спортскиот корупциски скандал во Турција во 2011 година. Наместо тоа, Галатасарај се пласирал директно во Лигата на шампионите, а Бешикташ го започнал своето учество од третото квалификациско коло.

Календар на натпреварувањата Ниво Коло Ждрепка Прв натпревар Втор натпревар Квалификации Прво коло од квалификациите 23 јуни 2013 1/2 јули 2014 8/9 јули 2014 Второ коло од квалификациите 15/16 јули 2014 22/23 јули 2014 Трето коло од квалификациите 18 јули 2014 29/30 јули 2014 5/6 август 2014 Нокаут фаза 8 август 2014 19/20 август 2014 26/27 август 2014 Натпреварување по групи 1. коло 28 август 2014 16/17 септември 2014 2. коло 30 септември/1 октомври 2014 3. коло 21/22 октомври 2014 4. коло 4/5 ноември 2014 5 коло 25/26 ноември 2014 6 коло 9/10 декември 2014 Завршен дел Осминафинале 15 декември 2014 17/18 и 24/25 февруари 2015 10/11 и 17/18 март 2015 Четвртфинале 20 март 2015 14/15 април 2015 21/22 април 2015 Полуфинале 24 април 2015 5/6 мај 2015 12/13 април 2015 Финале 6 јуни 2015 на Олимпискиот стадион во Берлин.

Квалификации Прво квалификациско коло Ждрепката за првото квалификациско коло била одржана на 23 јуни 2014 година во Нион, Швајцарсија. Првите натпревари биле одиграни на 1 и 2 јули, а реванш натпреварите на 8 и 9 јули 2014 година.

Второ квалификациско коло Ждрепката за првото квалификациско коло била одржана на 23 јуни 2014 година во Нион, Швајцарсија. Првите натпревари биле одиграни на 15 и 16 јули, а реванш натпреварите на 22 и 23 јули 2014 година.

Напомена Напомена 1: Редоследот на домаќините бил променет по ждрепката.

Трето квалификациско коло Третото квалификациско коло било поделено на два одвоени делови: еден за националните прваци и еден за останатите. Поразените екипи во двата дела го продолжиле своето учество во плеј оф колото од УЕФА Лига Европа 2014/15.

Ждрепката за третото квалификациско коло била одржана на 18 јули 2014 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари се одиграле на 29 и 30 јули, а реванш натпреварите на 5 и 6 август 2014 година.

!colspan=6|Прваци

!colspan=6|Остали

Напомена Напомена 2: Селтик победил со службен резултат од 3:0 поради одлуката на Легија да игра со суспендиран играч на теренот за време на реванш натпреварот. Првичниот резултат завршил со победа на Легија од 2:0.

Плеј оф коло Плеј оф колото било поделено на два одвоени делови: еден за националните прваци и еден за останатите. Поразените екипи во двата дела го продолжиле своето учество во групната фаза од УЕФА Лига Европа 2014/15.

Ждрепката за третото квалификациско коло била одржана на 8 август 2014 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари се одиграле на 19 и 20 август, а реванш натпреварите на 26 и 27 август 2014 година.

!colspan=6|Прваци

!colspan=6|Остали

Натпреварување по групи

Ждрепката за натпреварувањето по групи била одржана на 28 август 2014 година во Монако. 32 тима биле поделени во четири шешири врз основа на нивниот УЕФА клупски коефициент од 2014 година, со тоа што бранителот на титулата Реал Мадрид автоматски бил распореден во првиот шешир. Екипите биле поделени во осум групи. Екипите од иста држава не можеле да бидат во иста група.

Легенда: Победникот од групата и второпласираниот тим преминуваат во осминафиналето. Третопласираниот тим го продолжува својот настап во шестнаесетина финалето на УЕФА Лига Европа.

Група А

 АТМЈУВМАЛОЛП Атлетико Мадрид–1:05:04:0 Јувентус0:0–2:03:2 Малме0:2 |0:2!|– |2:0|- !style="text-align:left;"| Олимпијакос |3:2|1:0|4:2'''–  Табела 1. Атлетико Мадрид6411143+11132. Јувентус631274+3103. Олимпијакос63031013-394. Малме6105415-113

Група Б

 БАЗЛИВЛУДРМА Базел–1:04:00:1 Ливерпул1:1–2:10:3 Лудогорец0:42:2–1:2 Реал Мадрид5:11:04:0–  Табела 1. Реал Мадрид6600162+14182. Базел621378-173. Ливерпул612359-454. Лудогорец611438-54

Група Ц

 ЛЕВБЕНМОНЗЕН Леверкузен–3:10:12:0 Бенфика0:0–1:00:2 Монако1:00:0–2:0 Зенит1:21:00:0–  Табела 1. Монако632141+3112. Леверкузен631274+3103. Зенит621346-274. Бенфика612326-45

Група Д

 АНДАРСБОРГАЛ Андерлехт–1:20:32:0 Арсенал3:3–2:04:1 Борусија Дортмунд1:12:0–4:1 Галатасарај1:11:40:4–  Табела 1. Борусија Дортмунд6411144+10132. Арсенал6411158+7133. Андерлехт6132810-264. Галатасарај6015419-151

Група Е

 БМЦСКАМСРОМА Баерн Минхен–3:01:02:0 ЦСКА0:1–2:21:0 Манчестер Сити3:21:2–1:1 Рома1:75:10:2–  Табела 1. Баерн Минхен6501134+9152. Манчестер Сити622298+183. Рома6123814-654. ЦСКА6123613-75

Група Ф

 АЈААПОБАРПСЖ Ајакс–4:00:21:1 АПОЕЛ1:1–0:30:1 Барселона3:11:0–3:1 Пари Сен Жермен3:11:03:2–  Табела 1. Барселона64111510+10152. Пари Сен Жерман6411107+3133. Ајакс6123810-254. АПОЕЛ6015112-111

Група Г

 ЧЕЛМАРШАЛСПО Челси–6:01:13:1 Марибор1:1–0:11:1 Шалке0:51:1–4:3 Спортинг Лисабон0:13:14:2–  Табела 1. Челси6420173+14142. Шалке 046312914-583. Спортинг61231212074. Марибор6033413-93

Група Х

 АТЛБАТЕПОРШАХ Атлетик Билбао–2:00:20:0 БАТЕ Борисов2:1–0:30:7 Порто2:16:0–1:1 Шахтјор Донецк0:15:02:2–  Табела 1. Порто6420164+12142. Шахтјор Донецк6231154+1193. Атлетик Билбао621356-174. БАТЕ6105224-223

Нокаут фаза Осминафинале Ждрепката за осминафиналето била одржана на 15 декември 2014 година. Првите натпревари се одиграле на 17 и 18 односно 24 и 25 февруари, а реванш натпреварите на 10 и 11 односно 17 и 18 март 2015 година.

Четвртфинале Ждрепката за четвртфиналето била одржана на 20 март 2015 година. Првите натпревари се одиграле на 14 и 15 април, а реванш натпреварите на 21 и 22 април 2015 година.

Полуфинале Ждрепката за полуфиналето се одржала на 24 април 2015 година. Првите натпревари од полуфиналето се одиграле на 5 и 6 мај, а реванш натпреварите се одиграле на 12 и 13 мај 2015 година.

Финале

Финалето се одржало на Олимпискиот стадион во Берлин, Германија на 6 јуни 2015 година кој завршил со победа на Барселона од Шпанија над Јувентус од Италија со 3–1.