Лена Стефанова - Ленуш (Скопје, – Скопје, ) била македонски сликар. Таа му припаѓала на времето на почетоците на модернизмот и неговите постимпресионистички тенденции. Нејзини главни теми се пејзажот, мртвата природа, цвеќето, човечката природа, особено портретот и автопортретот. Освен акварелот, овие теми се обработени и претставени во цртеж и маслена техника. Таа била првата македонска современа сликарка.
Животопис Стефанова е родена 1913 година во Скопје и уште од најраното детство била наклонета кон сликарството, но интерес покажувала и за другите уметности. Се школувала во престижниот француски колеџ во Скопје и во тој период го посетувала атељето на Олга Бенсон, каде ги стекнала првите знаења и искуства од областа на ликовната уметност. Тогаш ги изработила првите акварели вредни внимание, како и едно масло на кое е претставен мотив од Старата скопска чаршија, со покривите и горниот дел на џамија со минарето. Член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија станала од неговото формирање во 1945 година и учествувала на сите позначајни групни изложби заедно со основоположниците на современата македонска ликовна уметност Личеновски, Мартиновски, Владимирски, Коџоман, Белогаски и други. Во перидот од 1945 – 1976 година работела како ликовен педагог во Женската гимназија во Скопје, во гимназијата во Велес и во неколку основни училишта. Двапати имала прекин во педагошката дејност и тогаш работела како дизајнер во одделот за килимарство во Институтот за фолклор, потоа како илустратор во весникот „Нова Македонија“ и како слободен уметник. Стефанова никогаш во својот живот немала самостојна изложба. Нејзините две самостојни изложби биле посмртно направени.
Таа била следена од тајните служби, понижувана, омаловажувана и навредувана, настани кои оставиле траги на нејзината личнос и на творештво. Друштво на ликовните уметници на Македонија. Починала во Скопје во 1991 година.
Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Починати во Скопје