мини|десно|200п|Мешунки од рогач мини|десно|200п|Семки од рогач Карат (кт, kt) е единица за маса на драги камења и бисери што изнесува 200 мг. Денешната уредба за каратот („метрички карат“) е усвоена во 1907 г, на IV Генерална конференција за тегови и мерки, а набргу потоа и во многу земји во светот.

Претворено во посекојдневни единици, вредноста на каратот е следнава 1 карат = 0,2 гр = 2 · 10−4 кг

Во минатото, секоја земја имала свој карат и се користел претежно за злато, но од 1570-тите почнал да се користи за изразување на тежината на дијаманти. Поимот „карат“ потекнува од , кој е пак изведен од (кират), од (кератион) — мешунка од рогач (Ceratonia siliqua), со чии семки се мерела тежината.Lindsay A Turnbull, Luis Santamaria, Toni Martorell, Joan Rallo und Andy Hector: Seed size variability: from carob to carats , Biol. Lett. 22 септември 2006 vol. 2 no. 3 397-400, zitiert nach Beat Müller: Mythos des ursprünglichen Karats widerlegt. , 4 мај 2006, пров. на 19 април 2010

Кај дијамантите пак, за беспрекорен се смета камен од барем 100 карати (20 гр.)

Каратот како единица за чистота на златото доаѓа од римската мерка „солид“, по која е наречена истоимената монета.

Поврзано Карат (чистота)

Наводи

Категорија:Единици за маса Категорија:Накит