Штатилм () — мал град во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Илм, 15 километри североисточно од Илменау и 11 километри југоисточно од Арнштат.

Географија

Штатилм се наоѓа на брегот на реката Илм. На левиот брег од Илм се наоѓаат Шперлингсберг и Вајнберг, додека на десниот брег се наоѓаат Бухберг и Хаунберг. Најголем дел од градското подрачје се состои од полиња, додека помал дел се шуми. Покрај Илм низ западните делови на градското подрачје тече Випфра. Највисока точка во областа е Зингенер Берг со 583 метри.

Градското јадро се наоѓа во средишниот дел на градското подрачје.

Соседни општини

Почнувајќи на север и надесно, градот се граничи со Беслебен-Вилерслебен, Вицлебен, Кранихфелд, Рудолштат, Кенигзе, Илменау и Арнштат.

Градски единици

Градот се состои од 22 градски единици:

Политика Градски совет

Градскиот совет на Штатилм се состои од 20 членови. Распределбата на местата по години била следна:

Изборна година CDU SPD FDP1 Linke2 FWG VSB NF DFD BA3Вкупно 1990 12 места 11 места 2 места 1 место 2 места 1 место 1 место30 места 1994 8 места 9 места 1 место 2 места20 места 1999 11 места 6 места 1 место 2 места20 места 2004 7 места 6 места 1 место 3 места 3 места20 места 2009 5 места 5 места 1 место 3 места 2 места16 места 2014 6 места 4 места 1 место 3 места 2 места16 места 2019 5 места 2 места 1 место 2 места 2 места 8 места 20 места 1 1990 како Сојуз на слободни демократи, подоцна споени со ФДП     2 до 2007: Партија на демократскиот социјализмот (PDS) 3 BA: Граѓански сојуз Илмтал-Штатилм

Градоначалник

Мандат Име Партија 01.07.2000 Јоахим Гинзел SPD 01.07.2012 Ларс Петерман независен

Збратимени градови

Штатилм е збратимен со следниве градови:

Ветер, Германија (од 1990 г.) Валдброн, Германија (од 2002 г.)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Илм (округ)