Амт Ваксенбург () — општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Етимологија

Општината е именувана по замокот Ваксенбург, кој се наоѓа во нејзиниот средиштен дел.

Географија Местоположба

мини|лево|Местата во Амт Ваксенбург

Општината се наоѓа во крајниот север на округот Илм. Северозападната граница е всушност окружната граница со округот Гота. На север се граничи со главниот покраински град Ерфурт, на исток со округот Вајмар, додека на југ со општините Елебен, Елкслебен и Алкерслебен. На југ и југозапад се граничи со окружниот град Арнштат и општината Гератал.

Општински единици

Општината Амт Ваксенбург се состои од следниве места:

Бехштет-Вагд Битштет Ајшлебен Хархаузен Холцхаузен Ихтерсхаузен Кирххајм Реештет Рокхаузен Рерензе Зилценбрикен Терај Вернингслебен

Административно седиште на општината е во Ихтерсхаузен.

Историја

Била создадена на 31 декември 2012 од поранешните општини Ваксенбургемајнде и Ихтерсхаузен.

На 1 јануари 2019 година, општините Кирххајм и Рокхаузен се одвоиле од општинската заедница Рихајмер Берг. Кирххајм веднаш станала дел од општината, додека Рокхаузен се приклучила на 31 декември 2019 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Илм (округ)