Драгиша Димитријевски - Шипе (роден на во - починал на во ) — македонски глумец и сликар.

Животопис

Димитријевски е роден во Куманово на 6 април 1956 година. Својата глумечка кариера ја започнал со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во 1974 година, а во 1979 година, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Тодорка Кондова. Од 1980 година бил постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварил над сто и педесет глумечки улоги. Освен по своите бројни глумечки улоги, Димитријевски бил познат и како ликовен уметник со плодно творештво. Добитник е на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“, на „ноемвриска награда“ на градот Куманово и од Друштвото на ликовни уметници – Куманово. Своевремено ја добил и наградата за млад ликовен автор. Во последните неколку години Димитријевски бил и уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“. Починал по кратко боледување на 7 јануари 2013 во Куманово.

Филмографија

|- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |1980-ти▲ |- | 1981 || Црвениот коњ ТВ филм|| / |- | 1982 || Илинден || / |- | 1984 || Белото циганче || / |- | 1985 || Трговецот од Солун || / |- | 1986 || Климент Охридски || / |- | 1986-2002 || Македонски народни приказни || / |- | 1987 || Вук Караџиќ || / |- | 1989 || Мугра || / |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |1990-ти▲ |- | 1991 || Еурека || / |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |2000-ти▲ |- | 2007 || Јас сум од Титов Велес ТВ филм || Професор |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |2010-ти▲ |- | 2012 || Македонски народни приказни ТВ серија || |- | 2014 || До балчак || Поп

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци