Викторија Сикрет е најголемиот производител на долна женска облека со над 1000 продавници низ Соединетите Американски Држави.
Компанијата годишно испраќа по пошта околу 375 милиони каталози и со продажбите во 2012 година од 6,12 билиони, таа има приход од околу 1 билион долари. Згора на тоа компанијата продава женска облека и козметички производи и претставува водич во неговата матична компанија, Лимитид Брендс (англ. Limited Brand company) со која јавно се тргува.
Викторија Сикрет е позната по своето годишно модно шоу, Виторја Сикрет Модно Шоу и нејзините каталози , на кој се појавувват истакнати топ модели.
Започнувајќи во 1980 година Викторија Сикрет без ничија помош ја трансформирала претставата за американската женска долна облека, нормите околу правењето на долна облека "традиционално шоу за долна облека" и имала важна улога во "зголемено културно прифаќање на купувањето на женска облека" во Соединетите Држави и прва ја вовела секси долната облека во мода”.
Историја 1977-1980 : Раните години Викторија Сикрет беше основана во Сан Франциско, во 1977 година од страна на Универзитетот Туфтс и Колеџот за постдипломски студии за бизнис каде Рој Рејмонд и неговата жена Гај се бивши студенти. Повеќето жени во Соединетите Држави за време на раните 80–ти купувале практична долна облека од трговците во пакување од 3 броја- вклучувајќи го брендот Фруит оф д Лум (англ.Fruit of the Loom), Хејнс и Џокеј (англ. Hanes and Jockey). Стоковните куќи за долна облека биле прогласени за ,,старомодни” во 1980 г. и тоа се однесувало на ,,основната облека”. Во текот на овој период ,,тангите со тантели и градниците со влошки за поткренување’’биле достапни заедно со женски шалови од пердуви и провокативни пиратски костими на Фредерик од Холивуд. Големо значење му се дава на Лесли Векснер за редифинирањето на културните норми околу долната облека во наредните 30 години во Соединетите Држави ,,модните додатоци биле зачувани за специјални пригоди , како медениот месец”. Рејмонд почувствувал непријатност кога купувал долна облека за неговата жена во стоковна куќа во околината во која живеел.
По осумгодишно проучување на маркетот, тој позајмил 40 000 долари од неговите родители и 40 000 долари од банката, за да финансира 80 000 долари во отворањето на неговата прва Викторија Сикрет продавница во трговскиот центар Стенфорд во Пало Алто. Првата година од својот бизнис Викторија Сикрет заработила околу 500 000 долари. Рејмонд набргу потоа вовел постапка за порачки од каталог преку пошта. Каталогот ја презел формата на првокласна верзија на каталогот за долна облека на Фредерик од Холивуд , посензуален од каталогот којшто бил објавен од идното раководство на Д Лимитид (англ.The Limited). Во 1980 година Рејмонд основал продавници на Јунион Стрит бр.2246 и Висконсин Стрит бр.115. До 1992 година третата продавница била додадена на Сатр Стрит бр.395. Викторија Сикрет продавниците во тоа време претставувале компанија која поседува специјализиран и профитабилен дел од трговскиот пазар за долна облека и попародизирани од Меин Стрит. Продавниците требало да созададат пријатна атмосфера за мажите, со ѕиви украсенисо дрво, Викторијански детали и љубезни продавачи.Наместо поединечни градници и гаќички во сите големини, имало посебни дезени коишто биле споени заедно и поставени на ѕидот во рамки. Мажите можеле да ги одбираат дезените за жените а продавачките ќе им помогнат во проценувањето на соодветната големина, вадејќи од производите од магацинот,
1980-1982: Доведување пред банкрот Во 1982 година, после пет години раководење, Викторија Сикрет под раководство на Рој Рејмонд беше доведена пред банкрот.
1982: Продадена на Д Лимитид Рејмонд ја продаде Викторија Сикрет со нејзините 6 продавници и каталог од 42 страни, годишна заработувачка од 6 млиони долари, на Лесли Векснер, творецот на Лимитид Сторс АД во Колумбус, Охајо за 1 милион долари.
1983-1990: Ширење на трговските центри Д Лимитед го задржала целосно личниот белег на Виктроја Сикрет по купувањето на Рејмонд во 1982 година. Лесни Векснер го промени брендот на Викторија Сикрет од продавање само на женски потрошувачи тој се фокусирал на стратегијата примарно да се продава на машки купувачи. Векснер се обидел да вметне нови бои, дезени и стилови кои ветувале разголеност спакувана на вкусен и гламурозен начин и со снобската привлечност на Европскиот луксуз. Каталогот на Викторија Сикрет ги ги наведува седиштата на компанијата со Лондонска адреса, кога всусшност тие биле во Колумбус, Охајо. Четири години подоцна- по купувањето на Викторија Сикрет од страна на Д Лимитид во 1982 година – во една статија од 1986 г. Њујорк Тајмс и соопштил на индустријата , дека во индустријата каде што намалувањата биле нормална појава , новиот акцент се става на стилот и услугата. За 5 години од купувањето на Д Лимитид од 3 бутика се проширила во 346 продавници на мало. Викторија Сикрет брзо се проширила низ трговските центри во Соединетите Држави во 1980 г.Компаниите биле во можност да продаваат голем број на производи, како што се чевли, вечерна облека и парфеми, со помош на својот каталог за нарачки преку пошта кој излегувал 8 пати годишно. До раните 90-ти, Викторија Сикрет станала најголемата Американска компанија за трговија на мало со долна облека, надминувајќи 1 билион долари. Во 1987 г. беше соопштено дека каталогот на Виктроја Сикрет се наоѓа се наоѓа меѓу најпродаваните каталози. Во 1990 година беше еден од најбрзо растечките бизниси со нарачка по пошта. Викторија Сикрет пушта во продажба своја линија на парфеми. Бизнис каталогот на Викторија Сикрет за порачки преку пошта бил прогласен како најбрз во Соединетите Држави во 1990 година, кога во тоа време аналитичарите проценуваат дека продажбата од околѕ 120 милиони долари, се зголемила четирикратно во рок од четири години, кога продажбата изнесувала 30 милиони долари. Додека многу други компании за облека и модни куќи се бореле со она што било наречено ,,рецесија на стоката”, Викторија Сикрет успеала да продаде многу повеќе од која било друга продавница во светот. Во текот на 1998 година Викторија Сикрет влегува со 3.5 билиони долари на козметичкиот пазар.
1990-1993: Постојани проблеми со квалитетот Сè до почетокот на 1990-тите години, се соочи со празнина во управувањето, кое довело да "некогаш синџирот на жешка долна облека" да биде "загрозен од постојаните проблеми со квалитетот”. Викторија Сикрет го изгуби Хауард Грос (англ. Howard Gross), кој ја претворил компанијата во "империја на долна облека", бидејќи со купувањето на Викторија Сикрет во 1982 година од страна на Векснер(англ. Waxner), Грос бил преместен во друга продавница на Лимитид Брендс која заработувала многу малку. Последицата од реконструираната управа: "и двата оддели претрпеле штета" беше изјавено.
1993-: Николс ги решава проблемите со квалитетот Почнувајќи од 1993 година, напорите на Грејс Николс(англ. Grace Nichols) за решавање на проблемите со квалитетот се исплатиле. Кога Викторија Сикрет си го врати квалитетот на производството, нивните маргини зајакнаа и резултираа со намален профит.
Раните 2000-ти години: Забавен раст До 2000 година, бавниот раст на продажбите од каталогот поврзани со другите оддели, довело до промена раководството на одделот каталог. Растењето на Викторија Сикрет се намалува во средината на оваа деценија.
2006- 2008: Пораст Во мај 2006 година Векснер и се обратил на Шерон Џестер Турнеј( англ. Sharon Jester Turney), која го водела каталогот на Викторија Сикрет и онлајн единиците, за да ја води целата компанија со нејзино промовирање на врвот.
2008-: Премногу секси
2011- 2012
Производи и маркетинг Пинк
,,Пинк’’(англ.Pink) е под- бренд, кој бил основан во 2002 година и наменет за жените во подоцните тинејџерски години и оние на возраст за факултет, сè со цел да ги донесе во продавниците на Викторија Сикрет. Пинк нуди долна облека, пижами, дневна облека, козметички производи и модни додатоци соодветни на годините на потрошувачите, со намера да ги префрли купувачите во линиите за производи за повозрасни, како што се Енџелс(англ.Angels) , Вери Секси( англ.Very Sexy) и Боди бај Викторија( англ.Body by Victoria).
Конкуренцијата на Пинк ги вклучува ,,Аберкромби и Фич’’ Abercrombie & Fitch and American Eagle Outfitters' Aerie.
Панталоните за јога од Пинк се особено популарни кај групите на жени со возраст за факултет. Пинк има линија за факултет, која го насочува прифаќањето на брендот преку универзитетската атлетика. Викторија Сикрет во Цинцинати(англ.Cincinnati) продала заедничка линија, во партнерство со Универзитетот на Цинцинати, во 2011 година. Брендот се промовира за да биде забавен, разигран, заводнички. Промоциите на линијата се спроведувале преку екскурзиите од факултетот, заедничките промоции, со музичкиот канал Ем-Ти-Ви(англ.MTV) и преку социјалните мрежи како Фејсбук(англ.Facebook) и Мајспејс( англ.MySpace). Во 2011 година, линијата најави партнерство со сите 32 тима од Националната фудбалска лига (НФЛ) (англ. NFL) и започна со продавање на облека со логото и имињата на тимовите.
Костим за капење Во текот на 2002 година, костимот за капење беше достапен само преку мрежното место и каталогот, но не и во продавниците.
Историја на производот
Во 1999 година, Викторија Сикрет ја промовира линијата Боди бај Викторија(англ.Body by Victoria). Во 2010 година , Викторија Сикрет го промовира производот Инкредибл градникот(англ.Incredible bra).
Маркетинг
Во текот на развојот на Викторија Сикрет, компанијата преминала од вредносно-управувачка во создавање на луксузно –купувачко искуство и на аура на мода која е поврзана со нивните производи”сето тоа било придонесено од страна на маркетингот.
Модната ревија на Викторија Сикрет е годишна “елаборирачка маркетиншка алатка за Лимитид Брендс”. Шоуто е мешавина од “прекрасни модели скудно облечени во долна облека” и А-список на забавувачи “ И секоја година, ревијата станува се помалку за мода и повеќе за шоу”. Компанијата станала озлогласена во почетокот на 1990 година откако започна да користи супермодели во сопствените реклами и модни ревии. Во текот на изминатата деценија, компанијата ги одбивала познатите модели и промовирања.
Во 2004 година, Викторија Сикрет го вклучила Боб Дилан Bob Dylan во една реклама.
Модната ревија на Викторија Сикрет
Од 1995 година, Викторија Сикрет почна со одржувањето на годишната модна ревија на Викторија Сикрет , којашто била емитувана на најмалку гледаната американска телевизија. Започнувајќи со модната ревија од 1995 година тие се,,комбинација на самоуверено перчење за жените и воајерски задоволства за жените, а пак долната облека стана главна забава”. Ова вклучува крупен настан со сложена костумизирана долна женска облека, различни стилови на музика и сценографија која одговара на различните теми од ревијата. Ревијата привлекува стотици славни личности и забавувачи, со специјални изведувачи и точки секоја година.
Кен Ваил (англ.Ken Weil), поранешен претседател на Викторија Сикрет и Тим Плзак (англ.Tim Plzak)одговорен за ИТ во матичната компанија на Викторија Сикрет, Интимејт Брендс (англ.Intimate Brands), го предводиле првото онлајн емитување од нивната модна ревија во 1999 година. Осумнаесет минутното предавање, емитувано на 2 февруари во 1999 година, во тоа време било ,,најголемиот настан”. Предавањето се сметало за неуспешно од голем број на весници, поради неможноста на некои корисници да ја гледаат ревијата во која учествувале Тајра Бенкс, Хајди Клум и Стефани Сејмур, како резултат на паѓањето на технологијата на Викторија Сикрет која имала можност само накратко да се запознаат со барањата на онлајн корисниците, резултирајќи со метеж во мрежата, па корисници кои можеле да го видат предавањето добивале отсечени рамки. Вкупно 1,5 милиони гледачи или се обиделе, или го изгледале целото предавање.