Кала () — мал град во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Зале, 14 километри јужно од безокружниот град Јена.

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Зидлихес Залетал, иако самиот град не е член на заедницата.

Географија

Кала се протега на височина помеѓу 160 и 180 метри.

Соседни општини

Соседни општини се Алтенберга, Бибра, Гросојтерсдорф, Гроспиршиц, Клајнојтерсдорф, Линдиг, Шепс и Зајтенрода.

Политика Градски совет

Градскиот совет на градот Кала се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партија / Лита Места Удел Die Linke 5 24,1 % CDU 3 15,2 % SPD 2 11,7 % Слободни гласачи Кала 9 43,5 % BIG* 1 5,6 % * Граѓанска иницијатива Холцланд

Градоначалник

Градоначалник на Кала од април 2018 година е Јан Шенфелд.

Десен екстремизам

Кала важи за упориште на крајната десница и неонацизмот во Тирингија. Неонацистите поседуваат повеќе објекти во градот.

Збратимени градови

Кала е збратимен со следниве градови: Шорндорф, Германија Кастелново не Монти, Италија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Зале-Холцланд