Полониум (Po, латински - polonium) — металоид од VIА група. Името го добил по латинскиот назив за Полска.Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536

Историја Полониумот е откриен од страна на Марија Кири (истовремено со родиум), која го изолирала од пехбленда (уранинит).

Застапеност Полониум во Земјината кора се наоѓа само во траги и тоа само во рудите на уран. Не може во големи количини да се наоѓа во минералите поради краткото време на полураспаѓање. Рамнотежната количина е околу 0,004 mg на еден тон. Полониум има 33 изотопи чии атомски маси се наоѓаат измеѓу 194 и 218. Нема постојани изотопи. Најпостојан изотоп е изотопот 209 (со време на распаѓање од 105 години), но тој не се јавува во природата, туку е добие со вештачка синтеза на јадро на бизмут со бомбардирање на неутрони. Најпостојан изотоп кој се јавува во природата е изотопот 210, кој има време на полураспаѓање од 135 дена.

Добивање Полониум во природата се јавува како оксид. Сепак неговата количина во рудите е доста мала така што во индустријата најисплатливо добивање е со бомбардирате на неутрони од бизмут. Неговата годишна проукција во светот изнесува сè на сè од 20 до 30 грама. Значаен извор на овој елемент е распаднат радон од болниците каде овој гас се употребува за лечење на рак.

Соединенија Познати се неколку соединенија на полониум: хидрид PoH2, оксиди: PoO, Po2O3, PoO2 и PoO3, сулфид (со што се разликува од селен и телур), хлориди: PoCl2 и PoCl4 и металооргански соединенија. Тие соединенија немаат практична употреба поради огромните трошкови при продукцијата на полониумот.Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga.

Својства Чистиот полониум е радиоактивен, сребреносив метал. Неговите физички и хемиски својства се слични со оние на селен.

Извори

Додатна литература Паркс, Г.Д. и Фил, Д. 1973. Мелорова современа неорганска хемија. Научна књига. Београд.

Категорија:Слаби метали Категорија:Халкогени Категорија:Хемиски елементи Категорија:Тешки метали