Breadline е песна на Мегадет од нивниот осми студиски албум Risk. Подоцна бил направен ремикс од овој сингл, кој бил наменет за јапонскиот музички пазар.
Оваа песна не е класична балада, но сепак е доста уникатна поради нејзината лесна мелодија, за разлика од останатата дискографија на Мегадет. Во текстот се говори за сиромашен човек, без никаков имот и парични средства. Од текстот исто така дознаваме дека бил зависник од кокаин. Бил снимен и видео запис, кој не се нашол на ДВД изданието Arsenal of Megadeth.
Breadline е и насловот на еден мини албум од Мегадет, кој првично не бил издаден во САД. Денес може да се најде во некои музички продавници, а достапен е и на iTunes. Дискот содржи и двете верзии од оваа композиција, плус 4 ремиксувани песни од претходните албуми.
Марти Фридмен (кој заедно со Мастејн ја создал песната), ја вклучил на својот соло албум Future Addict, издаден 2008 г. Неговата верзија е доста потешка и подинамична.
Список на песни Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, додека Марти Фридмен се потпишува како соавтор на музиката од нумерите 1, 2 и 5.
Breadline (скратена верзија) – 4:01 Breadline (стандардна верзија) – 4:29 Insomnia (ремикс) – 4:53 Symphony of Destruction (ремикс) – 9:52 Crush 'Em (ремикс) – 5:10 Holy Wars... The Punishment Due (ремикс) – 4:57
Коментари од бендот во врска со песната мини|десно|Задната страна од мини албумот
Музички персонал Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Марти Фридмен - водечка гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Џими Деграсо - тапани
Наводи
Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Breadline на YouTube
Поврзано Мегадет Risk
Категорија:Песни на Megadeth