Черновечката Област () — една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во западниот дел на земјата. Таа е дел од историската област Буковина. Граничи со Ивано-франковската, Хмелничката и Тернополската Област. На југ, Черновечката Област граничи со Романија и Молдавија. Опфаќа површина од 8.097 км2. Во областа има 398 села и 11 градови.

Историја

1775-1918, територијата е дел на Австрија, а потоа на Австроунгарија, под името Кралство Галиција. Дел од Романија 1918—1939. Буковина, според договорот со Романија, влегува во Советскиот Сојуз (1940). Од 1940 година, под името „Черновечка Област“, областа е дел на Украинската ССР. Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.

Демографија

Според пописот на населението во 2001 година, во Черновечката Област живеат најмногу Украинци (75%), а останатите се Романци (12,5%), Молдавци (7,3%) и Руси (4,1%).

Наводи

Надворешни врски Службена страница

Категорија:Области во Украина

Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година