Бориум (Bh, лат. bohrium), кој претходно го носел името унилесептиум (Uns), е преоден метал.Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536. Името го добил по данскиот физичар Нилс Бор.Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga.

Историја Првпат го добиле Русите во градот Дубна во 1976 година. Најзаслужен за тоа се Јуриј Оганесјан, кој ја предводел истражувачката екипа во Обединетиот институт за јадрени истражувања (и по кој е наречен елементот оганесон). Таму е добиен изотопот 261Bh со време на распаѓање од 10 ms. Атомот на бориум е добиен со бомбардирање на бизмут -204 и од јадрото на хром 54.

Во 1981 година германскиот научник под водство на Армавбустер и Минценберг е добиен изотопот 262Bh.

Германците го предложиле називот нилсбор, за да го наградат Нилс Бор, а русите го сакале имаето дибниум. Несогласувањата довеле до тоа елементот привремено да го добие името Unilseptium.

Во 1994 година комитетот IUPACа, го предложил името бориум. Сепак несогласувањата постоеле сè до 1997 година кога елементот го добил денешниот назив.

Извори

Категорија:Хемиски елементи Категорија:Преодни метали Категорија:Вештачки елементи Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ