Лихте () — село и поранешна општина во округот Зонеберг, во Тирингија, Германија, близу Ренштајг. Општината во минатото се наоѓала во округот Залфелд-Рудолштат, а од 1 јануари 2019 година е дел од градот Нојхаус на Ренвег.
Географија Местоположба
Лихте се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини близу градовите Кобург, Илменау, Залфелд и Зонеберг. Местото и околината влегува во Природниот парк „Тириншка Шума“. Ренштајг и поранешната внатрешна германска граница поминуваат јужно од местото.
Лихте се протега во долините на реките Лихте и Пизау.
Општински единици
Општината Лихте се состоела од следниве единици:
Оберлихте (со Ашербах, Вашдорф и Хигел) Валендорф (со Лампрехт) Гајерстал Бок и Тајх
Галерија
Надворешни врски
Категорија:Зонеберг (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија