Пизау () — село и поранешна општина во округот Зонеберг, во Тирингија, Германија, близу Ренштајг. Општината во минатото се наоѓала во округот Залфелд-Рудолштат, а од 1 јануари 2019 година е дел од градот Нојхаус на Ренвег.

Селото е познато по правење на стакло и поседува таква фабрика.

Географија

Пизау се наоѓа во срцето на Тириншките Шкрилни Планини во долината на истоимената река и е дел на Природниот парк „Тириншка Шума“. Местото се протега околу два километри во долината.

Највисоката точка во општината е 827 метри. Јужно од Пизау поминувала поранешната внатрешна германска граница.

Соседни општини

Пизау се граничи со следниве општини: Лихте, Шмидефелд, Грефентал, Шпехтсбрун, Ернсттал и Нојхаус на Ренвег.

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Зонеберг (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија