Надгласилна согласка (епиглотална) е согласка што се создава со допир на диплите во грлотонаречени „ариепиглотски дипли“ со капачето наречено „мажлец“ (надгласилка).

Табела на надгласилни согласки Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве надгласилни согласки:

МФА Опис Пример Јазик Правопис МФА Значење Податотека:Xsampa-greaterthanslash.png безвучна надгласилна избувна согласка агулски средиште Податотека:Xsampa-lessthanslash.png звучна надгласилна струјна согласка (или приближна согласка) арапски вечера (гл.) Податотека:Xsampa-Hslash.png безвучна надгласилна струјна согласка агулски сурутка

Звучната надгласилна избувна согласка може да е неизводлива. При меѓусамогласното озвучување на надгласилниот глас (на пр. во јазикот дахало), таа станува едноударна согласка. Иако традиционално е сместена во струјниот ред од табелата на МФА, гласот ⟨⟩ обично е приближна согласка. Самиот симбол е двосмислен, но ниеден јазик нема посебни струјни и приближни гласови на ова место на творба. Ако треба да се означи начинот на творба, понекогаш се користи дијакритички знак за снижување: ⟨⟩. Надгласилните трепетни согласки се мошне чести но обично може да се сметаат за фонемски избувен глас или струјна согласка, каде трепетот е фонетски детаљ. МФА нема симбол за ова, но во литературата понекогаш се среќава ⟨⟩.

Поврзано Гласилна согласка Место на творба

Наводи

Категорија:Согласки