Среднојазични согласки (дорсали) се согласки што се создаваат со средниот дел од јазикот („дорсум“). Се разликуваат од преднојазичната (коронални) по тоа што тие се изговараат со предниот дел од јазикот, и од заднојазичните (радикални), кои се изговараат со основата на јазикот најодзади.

Function Средината на јазикот има способност за контакт со пошироко подрачје на горниот ѕид на устата - од тврдото, предно непце (создавајќи преднонепчени гласови), свитливиот заден дел (создавајќи заднонепчени гласови), па до ресичкатанаречена и „увула“ во задниот дел на усната шуплина (создавајќи ресични гласови). Овие определници не се така рески, па затоа понекогаш наоѓаме попрецизни градации како „претпреднонепчена“, „предзаднонепчена“ и „позаднонепчена“ творба.

Бидејќи врвот на јазикот може да се превитка нагоре и наназад до тврдото (предно) непце (создавајќи свиени согласки), согласките добиени со допир на средниот дел на јазикот со предното непце се нарекуваат „среднојазично-преднонепчени“ (дорсо-палатални).

Во македонскиот јазик Среднојазични согласки во македонскиот јазик се: г, ѓ, ј, к, љ, њ, ќ и х.

Поврзано Преднојазична согласка Заднојазична согласка Место на творба

Наводи

Категорија:Согласки