Градиште или Кале — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Делогожди. Претставува населба од железно, хеленистичко и римско време. Се наоѓа на 3 км североисточно од селото и на 1 км северно од некрополата Св. Илија. Сместен е на висок рид, на неколку нивоа, на кои се протега утврдување. Утврдувањето е проширувано со одбранбени ѕидови од кршен камен, изведени во сувоѕидица на терасите што се спуштаат кон југ. На источната страна од највисоката тераса се следи ѕид изграден од камен и малтер. Сондажни истражувања се вршени во 1980 година од страна на Вера Битракова Грозданова. На местото е откриена и хеленистичка и римска керамика. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Делогожди; Падарница — населба од хеленистичко и римско време; Св. Илија — некропола од архајско, хеленистичко, римско време и среден век; Црско - Црква — сакрален објект од средниот век; Чинар - Џамија — црква и некропола од средниот век.

Наводи

Категорија:Делогожди