Чинар - Џамија — археолошко наоѓалиште во струшкото село Делогожди. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 100 м северозападно од селското училиште, а во непосредна близина на џамијата. Според кажувањето на мештаните, биле откриени камени плочи од гробни конструкции. Исто така, и џамијата била изградена врз темели од постара црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Делогожди; Градиште - Кале — населба од железно, хеленистичко и римско време; Падарница — населба од хеленистичко и римско време; Св. Илија — некропола од архајско, хеленистичко, римско време и среден век; Црско - Црква — сакрален објект од средниот век.

Наводи

Категорија:Делогожди