Кубен метар или кубик (симбол: м3 или m3) — изведена SI-единица за волумен (зафатнина). Тоа е еднакво на волуменот на коцка со страна долга еден метар. Поранешни мерки за оваа количина се стерот и килолитарот.

Претворање 1 кубен метар е исто што и: 1.000 литри (точно);Од 1901 до 1964 литарот се дефинирал како 1 кг чиста вода на температура од 4°C и притисок од 760 милиметри на живиниот столб. Според оваа дефиниција, литарот изнесувал 1,000028 дм3. Во 1964 литарот е вратена неговата првична дефиниција.http://www.bipm.org/en/si/si_brochure/chapter4/table6.html ~35,3 кубни стапки (прибл.) 1 cu ft = 0,028 316 846 592 м3 ~1,31 кубни јарди (прибл.) 1 cu yd = 0,764 554 857 984 м3 ~6,29 нафтени барели (прибл.) 1 oil bbl = 0,158 987 294 928 м3

Кубен метар чиста вода при температура на максимална густина (3,98 °C) и стандарден атмосферски притисок (101,325 кПа) има маса од 1.000 кг, или еден тон. При 0 °C (кога водата е замрзната) кубниот метар има малку помала маса (999,972 кг)

Содржатели и поситни единици

Содржатели Кубен декаметар волуменот на коцка со страна од еден декаметар (10 м) еднакво на еден мегалитар 1 дам3 = 1,000 м3 = 1 Мл

Кубен хектометар волуменот на коцка со страна од еден хектометар (100 м) еднакво на еден гигалитар 1 хм3 = 1.000.000 м3 = 1 Гл

Кубен километар волуменот на коцка со страна од еден километар (1.000 м) еднакво на еден тералитар 1 км3 = 1.000.000.000 м3 = 1 Тл

Поситни единици Кубен дециметар волуменот на коцка со страна од еден дециметар (0,1 м) еднакво на еден литар 1 дм3 = 0,001 м3 = 1 л

Кубен сантиметар волуменот на коцка со страна од еден сантиметар (0,01 м) еднакво на еден милилитар 1 см3 = 0,000001 м3 = 10-6 м3 = 1 мл

Кубен милиметар волуменот на коцка со страна од еден милиметар (0,001 м) еднакво на еден микрилитар 1 мм3 = 0,000000001 м3 = 10-9 м3 = 1 µл

Наводи

Категорија:Единици за зафатнина Категорија:Изведени SI-единици