Харис Кастанидис (грчки: Χάρης Καστανίδης, во , Грција) е грчки политичар и поранешен Министер за внатрешни работи на Грција.

Кастанидис дипломирал на Правниот факултет во Солун. Во 1974 година станал член на ПАСОК, а во 1981 година бил избран за пратеник. Во 1984 година бил избран за член на Централниот комитет на ПАСОК.

Во текот на својата политичка кариера тој работел во Министерството за внатрешни работи, како заменик-министер ди 1986, во 1988 бил заменик-министер за образование, а истата година бил и министер за заменик-внатрешни работи. Во 1995 година бил назначен за министер за внатрешни работи, и на та позиција се задржал до 22 јануари 1996 година. Од 1996 работел како министер за транспорт и врски, до 2 септември 1997, кога поднел оставка. Од 2003 до 2004 година, бил министер за Македонија и Тракија. Од 2009 до 2011 бил министер за правда, а по реконструкција на владата, станал министер за внатрешни работи.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од ПАСОК Категорија:Министри за внатрешни работи на Грција