Фауст е трагедија во два дела на германскиот поет Јохан Волфганг фон Гете. Првиот дел на „Фауст“ бил објавен во 1808 година, но подоцна претрпел измени. Вториот дел бил печатен веднаш по смртта на авторот, во 1832 година.

Содржина Прв дел Првиот дел на трагедијата „Фауст“ се состои од следниве делови:Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989. Посвета: Таа се состои од четири строфи (32 стиха) во кои поетот се сеќава на ближните ликови од минатото, за некогашните пријатели кои веќе умреле.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 5-6. Предигра во театарот: Директорот на театарот е заинтересиран за полна сала и заработка, па затоа бара интересна претстава во која има многу возбудливи настани, со цел да се задоволи вкусот на публиката. Поетот сака чиста уметност која не треба да се меша со фалшот и затоа ја слави поезијата како нешто возвишено. Шегобиецот, пак, вели дека народот сака смеа и забава.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 7-13. Оваа предигра е напишана според примерот на староиндиската драма „Сакунтала“ од Калиндаса (веројатно, од првата половина на 5. век) со која Гете се запознал во 1791 година.„Коментари“ во: Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 209. Пролог на небото: Мефистофел оди кај Бога жалејќи се дека луѓето се лоши и безвредни. Кога Бог му го споменува докторот Фауст, Мефистофел се обложува дека ќе го придобие за себе, а Бог му дозволува да се обиде да ја оствари својата намера.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 14-18. Ноќ: Ноќта, на Велика сабота, Фауст седи осамен во својата соба, незадоволен од она што го постигнал за оние десет години откако се занимава со наука и со магија. Во очај, го повикува духот на земјата, но кога тој се покажува пред него, Фауст се исплашува. Доаѓа Вагнер и двајцата разговараат за смислата на научната работа. Потоа, Фауст повторно останува сам и продолжува да се жали поради бескорисноста од долгогодишното учење кое не му овозможило да ја сфати суштината на светот. Разочаран, тој ја зема чашата со отров, но тогаш ги слуша црковните камбани што го објавуваат Велигден.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 19-34. Пред портата: Утредента, на првиот ден од велигденските празници, многу луѓе шетаат низ градот, а меѓу нив и Фауст и Вагнер. Притоа, тие среќаваат група селани кои му укажуваат голема чест на Фауст, кој своевремено, заедно со татко му, ги лечел од чумата, но Фауст вели дека не ја заслужил почитта, зашто лековите на татко му убиле многу луѓе. Тогаш, тој здогледува црно куче кое им се приближува од далечината.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 34-48. Собата на Фауст 1: Кога Фауст доаѓа дома, кучето наеднаш почнува да се зголемува. Фауст ги повикува духовите, а тогаш пред неговите очи се појавува Мефистофел во облик на ученик. Мефистофел му се претставува на Фауст како дел од пеколните сили, како оној кој носи негација и разурнување. Мефистофел сака да ја напушти куќата на Фауст, но се плаши од пентаграмот на вратата. Бидејќи Фауст не сака да го пушти, Мефистофел ги повикува духовите кои го заспиваат Фауст, а тој си заминува. Фауст се буди и помислува дека сцената со кучето била само сон.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 48-60. Собата на Фауст 2: Мефистофел повторно го посетува Фауст и му нуди замена на здодевната и мачна научна работа со забавен живот и го кани заедно да го прошетаат светот. Фауст ја прифаќа понудата на Мефистофел, но бара да потпишат формален договор. Кога пристигнува еден ученик, Мефистофел се облекува како Фауст и му дава совети за студирањето, со коментари на одделните научни дисциплини. По заминувањето на ученикот, во собата се враќа Фауст, подготвен да замине во светот, заедно со Мефистофел.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 61-82. Ауербаховата визба во Лајпциг: Во една кафеана во Лајпциг е собрано весело друштво кое пие вино и пее. Во кафеаната влегуваат Фауст и Мефистофел. Мефистофел на волшебен начин прави дупки на масата од кои потекува вино, кое потоа се претвора во пламен. Кога гостите во кафеаната ги вадат ножевите со намера да го нападнат, Мефистофел ги маѓепсува така што им создава привид дека се наоѓаат во лозје, а, всушност, тие се фаќаат меѓусебно за носевите. Потоа, Мефистофел и Фауст исчезнуваат од кафеаната.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 82-98. Вештерската кујна: Мефистофел го носи Фауст кај вештерката. Таа му дава да испие волшебен пијалак која му ја разгорува љубовната страст.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 98-111. Улица 1: На улица, Фауст здогледува една убава девојка и ѝ нуди да ја придружува до дома, но таа го одбива. Тој веднаш се вљубува во непознатата девојка и го моли Мефистофел да му помогне да ја освои.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 111-115. Вечер: Со помош на Мефистофел, Фауст влегуав во собата на Маргарета, девојката во која е вљубен. Набргу, доаѓа Мефистофел и во нејзиниот шкаф става кутија со накит. Фауст и Мефистофел си одат, а кога доаѓа дома, Маргарета ја пронаоѓа кутијата.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 115-119. Прошетка: Мефистофел му кажува на Фауст дека Мергарета ѝ го покажала накитот на мајка си, а таа му го дала на попот. Фауст му наредува на Мефистофел во собата на Маргарета да стави друга кутија со накит.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 120-122. Куќата на сосетката: Маргарета оди кај сосетката Марта со веста дека повторно некој ставил накит во нејзината соба, а Марта ја советува овојпат да го задржи накитот. Тогаш, во домот на Марта пристигнува Мефистофел, кој ѝ носи вести за наводната смрт на нејзиниот сопруг. притоа, тој закажува нова средба, со ветување дека ќе донесе сведок кој ќе ја потврди смртта.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 122-131. Улица 2: Мефисто му кажува на Фауст дека средил средба со Маргарета, но бара од него да сведочи лажно за смртта на сопругот на Марта.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 131-134. Градина: Во градината шетаат Фауст со Маргарета и Мефистофел со Марта. Фауст и Маргарета разговараат и си изјавуваат љубов.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 134-142. Куќарка в градина: Фауст и Маргарета се бакнуваат во куќарката, но Мефистофел ја прекинува нивната романса и го повикува Фауст да си одат.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 142-144. Шума и пештера: Фауст оди во една пештера во шумата и зборува за својата љубов кон Маргарета. Пристигнува Мефистофел, кој му кажува дека Маргарета копнее кон него и го наговара да ја искористи нејзината љубов, а потоа да ја напушти. Фауст, пак, ја фали возвишената и чиста љубов меѓу него и Маргарета. Поради тоа, тие започнуваат остра кавга.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 144-149. Собата на Грета: Во својата соба, Маргарета мисли на Фауст.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 149-151. Градината на Марта: Маргарета го прекорува Фауст дека не е побожен, а тој ѝ објаснува дека верата кон Бога е внатрешно чувство. Исто така, таа му признава дека Мефистофел ѝ е одбивен и дека се плаши од него.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 151-157. На вода: Лиза ѝ раскажува на Маргарета за девојката која сакала некое момче и останала бремена.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 157-159. Простор од внатрешната страна на градскиот бедем: Маргарета става цвеќе пред скулптурата на Богородица, со молба да ѝ ја ублажи љубовната болка.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 159-160. Ноќ: Пред куќата на Маргарета, нејзиниот брат Валентин зборува за срамот што му го предизвикала веста дека Маргарета има љубовник. Тука пристигаат Фауст и Мефистофел, кој почнува да пее една песна. Валентин ги предизвикува на двобој, а Мефистофел му помага на Фауст да го убие. Валентин е смртно ранет и околу него се собираат многу луѓе. Маргарета го оплакува својот брат, но тој ја обвинува дека ја извалкала честа, а потоа умира.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 161-168. Во катедралата: За време на службата во катедралата, лошиот дух ја обвинува Маргарета дека нејзиниот грев придонел за смртта на нејзината мајка и дека сите луѓе ја избегнуваат. Таа ја губи свеста и паѓа.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 168-170. Валпургиска ноќ: Фауст и Мефистофел одат на планината Харц, каде се одржува собир на вештерките и на другите сили на злото. Таму, Фауст ја здогледува Медуза која му заличува на Маргарета. За присутните се прикажува театарска претстава.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 170-187. Сон на Валпургиската ноќ или Златната свадба меѓу Оберон и Титанија: Во претставата се прикажува прославата на „златната“ свадба на Оберон и Титанија и притоа дефилираат многу ликови.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 187-194. Темен ден. Поле: Фауст дознава дека Маргарета е затворена. Поради тоа, тој го проколнува Мефистофел, обвинувајќи го за нејзината несреќа, но Мефистофел му враќа дека самиот е виновен. Сепак, Мефистофел се согласува да му помогне на Фауст да ја ослободи Маргарета.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 195-197. Ноќ. Отворено поле: Фауст и Мефистофел јаваат на црни коњи. Во ноќта, тие гледаат вештерки кои прават некаков обред на губулиштето.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 197-198. Затвор: Фауст влегува во затворот и ја ослободува Маргарета од оковите, но таа халуцинира и не сака да избега. Тогаш се слуша глас од небото дека Маргарета е спасена, а Фауст и Мефистофел си заминуваат.Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 198-208.

Ликови